Предлог мерки на Комисијата: Забрана за прослава на плоштад, угостителските објекти да работат до 18 часот

Комисијата за заразни болести утрово донесе одлука да препорача неколку мерки до Владата, кои ќе се однесуваат на новогодишниот период, со цел да се намали ризикот од зараза за време на празниците.

predlog-merki-na-komisijata-zabrana-za-proslava-na-ploshtad-ugostitelskite-objekti-da-rabotat-do-18-chasot-01.jpg

Министерот Венко Филипче објави:

Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести разговаравме за нов пакет на рестриктивни мерки. 

Нашиот предлог кој ќе го препорачаме до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари:

  • Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега;

  • Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;

  • Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;

  • Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.

На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.

На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...

Најчитани неделава