Жито Лукс во соработка со Тинекс Маркети во донаторска акција за Институтот Козле

Жито Лукс во соработка со Тинекс Маркетите ќе реализира хуманитарна акција наменета за потребите на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во Скопје.

zhito-luks-vo-sorabotka-so-tineks-marketi-vo-donatorska-akcija-za-institutot-kozle01.jpg

Во периодот од 22.12. до 12.01.2021 година, за секој купен производ од компанијата во било кој од маркетите на Тинекс, дел од средствата ќе се издвојуваат и понатаму ќе бидат донирани за помош и подобрување на условите на функционирање на Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

„Времето во коешто живееме, односно во услови на пандемија со која што се соочува човештвото, секојдневно нѐ уверува дека здравјето треба да претставува врвен приоритет на секое општество, а здравјето на децата пак, кои се столбот, односно иднината на нашата заедница е најголема благосостојба. Токму поради тој факт, здравствените установи во кои што се згрижуваат најмладите пациенти се во постојан фокус кога станува збор за општествено одговорните активности на нашата компанија. Оттаму, во соработка со компанијата Тинекс, одлучивме во периодот на празниците да реализираме голема хуманитарна акција преку која што со купување на наши производи од овие маркети ќе се соберат средства и ќе се донираат за потребите на водечкиот Институт за белодробни заболувања кај децата во земјава“ - изјавија од компанијата Жито Лукс.

Директорот на Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле М-р. Д-р. Спец. Ангелчо Андоновски, со особена радост ја поздрави ваквата иницијатива, истакнувајќи дека е од исклучителна важност во овие кризни моменти за здравствениот систем и за државата воопшто.

„Компанијата Жито Лукс со години наназад умее да ги препознае вистинските приоритети кога станува збор за помагање во делот на здравството и е наш долгогодишен верен соработник и активен донатор. Свесни сме дека човештвото во овие моменти се соочува со најголемите предизвици кои што ги погодуваат речиси сите сфери од животот и поради тоа ваквите хуманитарни aкции се од непроценливо значење. Ги повикувам и останатите компании да го следат примерот на компаниите Жито Лукс и Тинекс со надеж дека во рамките на нивните можности ќе можат да придонесат за полесно справување со Ковид кризата што ги погодува здравствените установи ширум земјата“ - изјави М-р. Д-р. Спец. Ангелчо Андоновски.

Компанијата Жито Лукс, има богата традиција при реализирање донации во Институтот, започнувајќи од медицински апаратура, мебел за опремување и подобрување на болничките услови како и производи од сопствената палета.

zhito-luks-vo-sorabotka-so-tineks-marketi-vo-donatorska-akcija-za-institutot-kozle02.jpg

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели пе... Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и негов...
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...

Најчитани неделава