Жито Лукс ќе донира производи во Народната кујна во Шуто Оризари

(Скопје, 24.12.2020) - Со донација од брашно и леб, Жито Лукс ќе го помага работењето на Народната кујна што денеска се отвори во Шуто Оризари.

zhito-luks-kje-donira-proizvodi-vo-narodnata-kujna-vo-shuto-orizari-1.jpg

Компанијата Жито Лукс го поддржа проектот на Општина Шуто Оризари и го поздравува отворањето на народната кујна како начин на вистинска и искрена грижа за оние што имаат потреба.

„Постоењето на народна кујна е концепт во којшто како компанија силно веруваме и затоа го поддржуваме, да се даде непосредна, континуирана, секојдневна помош на лицата на кои помошта им e најпотребна. Со секојдневна донација ќе бидеме присутни и тука, овозможувајќи граѓаните кои се во социјален ризик да добијат топол оброк и свежо печен леб. Веруваме дека оваа народна кујна ќе биде место каде што сите граѓани што имаат потреба ќе најдат топол оброк и овој пример ќе се следи и понатаму и во другите градови каде што има потреба”, велат од Жито Лукс.

zhito-luks-kje-donira-proizvodi-vo-narodnata-kujna-vo-shuto-orizari-02.jpg

Народната кујна е проценето дека секојдневно ќе опслужува повеќе од 200 семејства кои се во социјален ризик.

Би можело да ве интересира:

Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Бикини со перје, сопругот ја фенира: Љупка Митрова уживаше во луксуз и романтика на Малдиви (фото) Од романтична вечера на плажа со специјална декорација до пливање во танга бикин...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Aнтониа Гиговска ужива со сопругот и синот на одмор во луксузен ресорт во Грција - Роберт се пофали ... По низата настапи Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски се рел...
Луксузната свадба на Јована од Свети Николе и Петар од Прилеп - регистрација со дрес код, срце од 2 ... „Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што с...
Љупка Митрова во Атина му го прослави роденденот на сопругот со луксуз, танга и жартиери, а објави и... Атрактивната струмичанка објави кадри од хотелската соба каде престојува со сака...

Најчитани неделава