„Јавна соба“ е срамот и бедата на едно урнисано општество каде што мажот уште тропа со раката на масата и мисли дека е семоќен

По изјавата на храбрата Ана од Кавадарци за нејзината слика и невкусниот коментар прикачен на истата во виртуелната збирштина наречена „Јавна соба“, група во која многу веројатно членуваат манијаци, педофили, сексуално импотентни, потенцијални силувачи и којзнае уште какви настрани ликови, еве што имаме да резимираме:

Javna-soba-sramot-i-bedata-na-edno-opshtestvo-01.jpg

Ана е жртва! Кој ви го дава правото, о вие безгрешни, да кажувате како требало или не требало да се слика и каква слика да објави на нејзиниот личен профил на друштвена мрежа? Сликата била „оправдано злоупотребена“, Ана не ги прочитала условите за приватност и споделување на Инстаграм? А телефонскиот број и местото на живеење? И тие се „оправдано споделени“?

Членовите во оваа група се предатори. Опасни, манијакални демначи кои се кријат зад псевдоними и лажни имиња додека споделуваат (неретко) и слики од малолетни девојчиња и болни фантазии поврзани со нив. Ова се нечии сопрузи, синови, браќа и татковци. Иако е практично невозможно, за жал, го молам денот кога, на пример, би се објавиле нивните вистински идентитети. Да видиме кои се тие храбри момци кои се кријат зад тастатурите и коментираат колку некоја 15-годишна девојка „е зрело градена“ за нејзината возраст.

Освен што треба да се засрамат болните умови односно членовите на оваа група, жените кои ѝ се „настрвени“ на Ана и жртвите како неа ми се особено интересен феномен. Практично, како „одвај да чекале и пекале“ да се случи вакво нешто, па веднаш со копјата и факелите да тргнат во истребувачки поход на „блудните и неморалните“ во општеството.

Уште еднаш, синдромот на „безгрешните“ е неприкосновен во оваа мала Македонија. Најголемите „домаќинки, прибрани жени, тивките, скромните, чесните, невините“ се тука да поделат ум и лекција за тоа како треба некој да се однесува.

Сериозно, гледајте си го дворот. И себеси и своите деца, а бога ми и сопрузите. Да не испадне не дај Боже утре вашето дете да е дел од „неморалот“ во општеството или вашиот сопруг да е член на некоја ваква „секта“.

Секоја чест за храброста на Ана. Сè додека за ваквите работи се молчи и се туркаат под тепихот, сè дотогаш ќе постојат, ќе има уплашени жени и гласноговорни, агресивни мажи кои тропаат со раката по масата и сметаат дека се семоќни, на ниво на богови.

Не сте богови. Вие сте подли, злобни, исфрустрирани суштества од кои се прелева макроагресија и микро… мозоци. За жалење сте.

Налетав на некаков слоган „Заштити ја ќерка ти“ па пречкртано и додадено „Едуцирај го син ти“. Искрено, едуцирајте си ги децата без оглед на полот. Научете ги да ги почитуваат сите луѓе, а обрнете посебно внимание на односот кон жените, дури и ако имате ќерки. Не растете мали, шовинистички суштества, женомразачи кои мислат дека жената е „ороспија“, слугинка во домот, безгласна буква, празноглава кукла …

Дека е добра само за секс и раѓање деца и готвење во кујна и перење и пеглање. Ако сериозно им ги всадувате овие мисли на вашите синови и ќерки, вие сте лоши родители кои не успеале да си го воспитаат децата. И вие сте дел од бедното, урнисано општество кое од ден во ден сè повеќе тоне и пропаѓа.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...

Најчитани неделава