Фит Македонка со фотка од себе: „Дали е ова здраво? Кратко: НЕ!“


Фит Македонка со фотка од себе: „Дали е ова здраво? Кратко: НЕ!“

Ивана Стаменковска сподели фотографија на која нејзиното тело е во најдобрата животна форма досега, но и искрено им препорача на девојките дека не треба по цена на своето здравје да се трудат да изгледаат вака.

fit-makedonka-so-fotka-od-sebe-dali-e-ova-zdravo-kratko-ne-01.jpg

Ивана Стаменковска е фитнес и јога инструктор, со повеќе од 31.000 следбеници на Инстаграм со кои постојано споделува вежби и совети за исхрана.

Таа периодов смета дека е во најдобра форма, но отворено кажува дека таа форма не е препорачлива за некој што не се занимава со фитнес професионално.

Со фотографија се пофали од својата моментална форма, но и со искрен опис на истата објасни дека девојките не треба по цена на своето здравје да се трудат да изгледаат вака.

Описот на нејзината фотка гласи:

„Дали е ова здраво?

Кратко: НЕ!

Низок процент на масти е исто така лошо како што е лошо да имаш висок процент на масти.

Оваа форма не е одржлива и секако не е препорачлива за никого кој рекреативно се занимава со фитнес.

Во време како што е сега најважно е да го одржиме имунитетот на највисоко ниво, а една од работите кои ги допринесува оваа форма е токму тоа - пад на имунитетот.

Па затоа, вежбајте и хранете се добро. Внесувајте храна која што е добра за телото, но и за умот.“

Пред извесен период таа ја покажа и Драстичната трансформација на нејзиното тело НЕКОГАШ и СЕГА!

Повеќе фотки од Ивана на следната страна...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg