Маја Кикириткова со бурна реакција: „Мајка во кафеана отиде да го дои детето во тоалет - зошто детето го носиш во дувло од бактерии?“

Дали сте за или против доење во јавност? Дизајнерката Маја Кикириткова е поборник за доење во јавност и се огласи згрозена од ситуација што се случила во една наша кафеана.

majka-vo-skopska-kafeana-otide-da-go-doi-deteto-vo-toalet-zoshto-deteto-go-nosite-vo-duvlo-od-bakterii-01.jpg

Дизајнерката Маја Кикириткова се огласи по повод објавата на македонската инстаграмџика која го води профилот Sparklydaughter каде таа пренела на каква ситуација била сведок, односно дека мајка во некоја наша кафеана отишла да го дои детето во тоалет.

Реакцијата на Маја Кикириткова:

„Знаете колку сум поборник за доење секогаш и секаде (доење во јавност.) Ова го пишувам инспирирана од Sparklydaughter, која вчера во кафеана налетала на мајка која одела во WC за да го дои своето дете.

Малку повеќе свест во врска со доењето, ако на детето му се јаде, треба да му дадете.

Како вие што сте отишле во кафеана и јадете, а детето го носите во дувло од бактерии за да може да се нахрани.

Сакам да ви раскажам една случка што мене ми се случи кога синот Лазар беше 3-4 месеци бебе.

Со Александар бевме во еден трговски центар, нема да напоменам во кој дуќан, бидејќи тоа не е целта на муабетов. Лазар почна да кенка за јадење, бебиња на негова возраст сакаат да јадат на 2 часа.

Јас никогаш не сум имала проблем со доење во јавност, но сепак културно прашав дали смеам да отидам во гардеробер и да го надојам бебето, бидејќи е гладно и да не создавам непријатност на муштериите кои се дојдени таму.

Еден од вработените ми кажа дека тоа е недозволиво и дека не смеам да одам во гардеробер и да дојам бебе. Мене овде ми се споија жичките и на малку повисок тон почнав да дискутирам со него.

Сето ова го слушна една постара госпоѓа, која исто беше дојдена во шопинг. Му се заврте и му рече дека не е тој оној што ќе кажува дали да дојам бебе или не. Јас уште под дејство на еуфорија, хормони после пораѓај, измешани емоции, отидов и го надоив Лазар.

Сега во оваа ситуација можеби поинаку би реагирала, не би ни прашала и би седнала и во сред дуќан би го надоила.“

majka-vo-skopska-kafeana-otide-da-go-doi-deteto-vo-toalet-zoshto-deteto-go-nosite-vo-duvlo-od-bakterii-06.jpgФото: Инстаграм стори Маја Кикириткова

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со др... „Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, ...
Мајка со деца нападната од кучиња во кичевско: „Малото ми го извлекоа од раце, го влечеа по бекатон,... „Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога нè нападнаа две аг...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Џамбо Агушев сподели спомен за Андреј ДНК: „Прекина снимање на спот и отиде да купи сладолед за цел ... „Андреј и Панчо се легенди кои ќе ги паметам засекогаш, но ако треба да раскажам...

Најчитани неделава