Македонка, што живее на Алјаска, ги споделува најиритантните коментари: „На ќерка ти ѝ треба братче/сестриче, кога второ?“

Ангела Маслова, која живее на Алјаска, а потекнува од Охрид, има една ќеркичка и очигледно уморна од тоа сите да ја прашуваат кога ќе има второ дете, испрати моќна порака на својот Инстаграм профил.

makedonka-gi-spodeluva-najiritantnite-komentari-na-kjerka-ti-i-treba-bratche-sestriche-koga-vtoro-01.jpg

Ангела Маслова е родена во Бароу, Алјаска, a потекнува од Охрид. Пред повеќе од 40 години нејзините родители во потрага по подобар живот, се преселиле во ова мало место кое уште и е наречено „врвот на светот“ бидејќи е најсеверната точка во Северна Америка.

На нејзиниот Инстаграм профил има повеќе од 6.000 следбеници со кои постојано споделува прекрасни фотки од патувањата со сопругот и ќеркичката и детали од нивниот семеен живот.

Овојпат таа испрати одлична порака до сите кои имаат навика да коментираат за туѓите одлуки околу тоа кога и колку деца треба да имаат:

„Потребно ѝ е братче/сестриче.
Не ли мислиш дека е време за второ? Можеби овој пат ќе добиеш момче.
Не сакаш да имаш толку голема разлика во години помеѓу двете деца.
Ако остане единствено дете, ќе ѝ недостига многу во животот да има брат/сестра.
Ќе стане разгалена, ако немаш уште деца.
Леле, мора да имаш уште едно дете! Мене ми е толку мило што се одлучив на тоа.

Ќе наздравам за тоа колку пати ги имам слушнато овие реченици. До сите што ги кажуваат морам да им порачам – престанете да кажувате вакви работи.
Не постои „совршена возраст“ за тоа кога да имате деца и не постои мастер план за тоа колку деца треба да имате.
Кога станува збор за моето семејство, нам ни е навистина добро вака. Комплетно уживаме во времето минато со нашата единствена ќерка.

На различни семејства им одговараат различни работи – тоа што е најважно е децата да растат со многу љубов. Останатото само ќе дојде на свое место.“

Повеќе фотки од прекрасното семејство на Ангела:

Прочитајте и Ангела Маслова, охриѓанка од Алјаска: во лето на 0ºC децата се по кратки ракави и имаме 24 часа сонце

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Ќе заглавиш со маж што ќе те тепа секој ден, а ќе ти викаат ‘Дај му ша... „Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за...
Македонка со фотки од болница и секојдневието: „Зошто често се фотографирам самата, а треба и вие?“ „За да се потсетам дека поминав и низ ова (здравствен предизвик), значи ќе помин...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со др... „Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, ...

Најчитани неделава