Беровчани ги пречекаа со аплауз пожарникарите од Словенија кои дојдоа да помагаат со пожарите во регионот (видео)

Пожарникарите од соседните и европските земји ја покажаа хуманоста на дело, а нашиот народ ги дочека со аплауз словенечките херои кои дојдоа да помогнат во гасењето на пожарите во малешевскиот регион.

berovchani-gi-prechekaa-so-aplauz-pozharnikarite-od-slovenija-koi-dojdoa-da-pomagaat-so-pozharite-vo-berovsko-video-01.jpgфото: Фејсбук

Деновиве нашата земја се соочува со страшни пожари, а пожарникарите од целата земја се во првите редови борејќи се да спасат човечки животи, шуми и имот, додека локалното население моли за помош, а дел од нив со свои раце се обидуваат да го спасат регионот од пустош. 

Покрај нашите пожарникари, полицијата и армијата, како и доброволците кои се заминати во пределите каде е потребна помош да ја спасат нашата земја од огнена закана, на помош доаѓаат и пожарникари, возила и хеликоптери од други земји.

Денес (6-ти август) пристигна тим за заштита од пожари од Австрија, составен од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот. Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

?__cft__[0]=AZXl8QqwCjTHYUT1YEkHtYqr3tLhDGQ3BTg_ofoKkgd-Pk2ovKfZQ0lv1Jy5GDLLMHQzqkJVj2fSdmlVNJ-g0w0JSecYUu3t-CAHjp4Tv22DQCxhgEG43M7HKQfXTe0I94gDRtQArMU1iUIHBfRJrfDK&__tn__=%2CO%2CP-R

На 5-ти август пак, во Берово пристигнаа словенечките пожарникари, а Конвојот на Тимот за заштита од пожари од Р. Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила, беше пречекан со аплауз од беровчани во знак на благодарност за солидарноста и хуманоста.

На страната на Амбасадата на Словенија беше објавено видео од нивното пристигнување:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се дец... Нашиот најдобар пливач на сите времиња, долго време живееше во Словенија со петт...
Дејан од Куманово ја запроси Викторија во Словенија: „Добив две медала, еден бронзен, а другиот таа ... „После 8 години врска, чувствував дека е вистинскиот момент. Кога клекнав пред н...
Каролина и сопругот Михаил прегрнати и заљубени во Јапонија - Од модерното Токио дојдоа во традицион... Каролина на Инстаграм сподели неколку фотографии и видеа од Кјото, а на едното о...
Полна сала за светската премиера на дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Ч... На 14 јуни 2026 година, во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фест...
Нашата Нела пречекана како победник на училиште по Јуниор Евросонг - аплауз и прегратки од соученици... „Од срце ви благодарам за овој прекрасен, топол и незаборавен дочек драги мои со...

Најчитани неделава