Маските задолжителни во училиштата, забрана за поздравување, мерење температура – како ќе се одвива наставата со физичко присуство?

Во среда, 1-ви септември, почнува новата учебна година, и тоа со физичко присуство, а неодамна беа објавени и протоколите според кои ќе се реализира наставата.

maskite-zadolzhitelni-vo-uchilishtata-zabrana-za-pozdravuvanje-merenje-temperatura-kako-kje-se-odviva-nastavata-so-fizichko-prisustvo-01.jpgфото: freepik

Сите ученици, како и вработените, ќе можат да влезат во училиштето само со заштитна маска, а претходно ќе им се мери телесна температура. Во случај на зголемена телесна температура – поголема од 37,4 степени – на вработените и учениците нема да им биде дозволен влез и ќе бидат упатени кај матичен, односно ќе бидат известени родителите.

Родителите и старателите не смеат да влегуваат во училиштето, освен во посебни случаи, а забранети се и сите физички контакти за поздравување меѓу вработените и меѓу учениците.

Во продолжение протоколите за основните и средните училишта како што се објавени на веб-сајтот на Министерството за образование и наука:

Протокол за постапување на основните училишта

1. Наставниот процес во учебната 2021/2022 година се одвива со физичко присуство во училиштето.

2. Првиот ден од наставата задолжително започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.

3. Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение.

4. Распоредот за влез/излез се истакнува на видни места во училиштето.

5. На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.

6. Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитнa маскa и дезинфекција на рацете за сите вработени и ученици во училиштето.

7. На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник кој му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.

8. За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на основното училиште.

9. На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобусот и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да преземе соооветни здравствени мерки. Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.

10. На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

11. На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на зголемена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

12. Родителите/старателите/ ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.

13. Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравување меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.

14. Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца и носење на заштитна маска/прекривка на лице.

15. Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците, или доколку дозволуваат временските услови на отворено.

16. Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.

17. Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија, без можност за мешење на ученици од различни паралелки во иста училница;

18. Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.

19. За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.

20. Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.

21. Во случаите на кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците, се воведува систем за еднонасочно движење на учениците и контролирано излегување и влегување во кабинетите. По излегувањето на едната група ученици, задолжително се проветрува просторијата и се врши дезинфекција, по што се дозволува влез на втората група на ученици.

22. Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре).

23. Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

24. Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.

25. Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувални, училишните трпезариии другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.

26. Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.

27. Во основните училишта каде има продолжен престој, потребно е истиот да биде организиран во рамките на расположливите просторни капацитети и да се реализира со ученици од иста паралелка и од исто оддление (без мешање на децата од различни одделенија или паралелки).

28. Учениците кои носат оброк/храна од дома треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.

29. Храната која се подготвува во училишните кујни за децата со продолжен престој, треба да биде со стриктно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса утврдена со Закон за безбедност на храна, како и НАССР стандардите и Протоколите за заштита од Ковид 19.

30. Послужувањето на оброците се реализира во училишните трпезарии водејќи сметка да не дојде до мешање на ученици од различни паралелки.

31. Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.

32. Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).

33. Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.

34. Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

35. Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.

36.Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19,лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.

37. Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

38. Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.

Протокол за постапување на средните училишта

1. Наставниот процес и воспитно-образовната работа во учебната 2021/2022 се реализира со физичко присуство во училиштето.

2.Првиот ден од наставата задолжително започнува со упатства за сите учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да носат маски, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.

3. Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда.

4.На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците задолжително се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето.

5. На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории.

6. Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитнa маскa и дезинфекција на рацете за сите вработени и ученици во училиштето.

7. За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот, задолжително спроведување на дезинфекција и носење на заштитни маски, одржување на потребното растојание меѓу учениците, и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.

8. На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

9. На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на зголемена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

10. Забранет е влез за родители/старатели освен на ученици со посебни образовни потреби со задолжително носење на заштитна маска.

11. Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците

12. Учениците и вработените кои до училиштето користат јавен превоз го почитуваат протоколот за превоз на патници во јавниот сообраќај.

13. Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца и носење на заштитна маска/прекривка на лице.

14. Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација, којашто ќе ја договорат родителите и наставниците, или доколку дозволуваат временските услови на отворено;

15. Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија, без можност за мешење на ученици од различни паралелки во иста училница;

16. Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час.

17. Во случаите на кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците, се воведува систем за еднонасочно движење на учениците и контролирано излегување и влегување во кабинетите. По излегувањето на едната група ученици, задолжително се проветрува просторијата и се врши дезинфекција , по што се дозволува влез на втората група на ученици.

18. За реализација на практичната обука и учењето преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети кој го истакнува на видно место во училиштето. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците.

19. Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компаниите (во погоните, хигиенско-санитарните објекти, одделот за исхрана и сите други делови каде што може да се движат учениците во компанијата).

20. Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории препорачливо е да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на ученици од различни паралелки за што училиштето однапред подготвува распоред (пр. За време на 1 наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).

21. Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре) и тоа за време на наставните часови за што учениците се благовремено информирани.

22. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

23. Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор за време на училишните одмори и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.

24. Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат пред започнување на наставата, за време на наставата и по завршувањето на сите училишни активности.

25. Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувалните и другите помошни простории, се врши по користењето од страна на секоја група ученици.

26. Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.

27. Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

28. Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.

29. Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

30. Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.

Би можело да ве интересира:

Браво! Вработени во скопски маркет згрижија куче скитник и го чуваат на топло во студените денови „Убавицава преку ден е внатре, навечер спие на топло помеѓу двете врати. На...
Психолошка поддршка и советување за учениците од „Песталоци“ по убиството на Вања Ѓорчевска Децата, родителите и наставниците во наредниот период ќе можат непосредно да раз...
Потег за пофалба: Ученици и наставници во битолска гимназија ги оставаат телефоните во кутии додека ... Во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, учениците и наставниците ги оставаат ...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Денес се слави големиот празник Цветници - Кои се обичаите за овој празник? Овој празник нема постојан датум и секогаш се празнува една недела пред Велигден...
Адријан Гаџа танцува со вработените од својот локал - по примерот на Џанлука Ваки (видео) Видео кое ќе ви прошири позитивна енергија и ќе ве потсети на виралните танцувач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg