Шилегов: Чипирајте ги своите домашни миленичиња

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, преку социјалните мрежи испрати порака до сопствениците да внимаваат и да ги чипираат своите домашни миленичиња.

shilegov-chipirajte-gi-svoite-domashni-milenichinja-01.jpg

Со поткожното вметнување на микрочипот, кој е потполно безбеден и на никаков начин не прави штета на миленикот, податоците за животното и на сопственикот се внесуваат во базата на податоци, односно во идентификациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство – ИСАХВ.

Бројката на домашни миленици, особено кучињата и мачките, драстично се зголеми од почетокот на КОВИД 19 пандемијата. Многумина од нас, особено оние граѓани кои живеат сами во своите домови, полесно ги поминуваа деновите на полициските часови и самоизолацијата во друштво на своите најдобри животински пријатели.

До ЈП „Лајка“ во изминатиот период стигнаа многу пријави за изгубени и избегани домашни миленици пред сѐ, кучиња, но и граѓаните споделуваа објави на социјалните мрежи, со цел и надеж за наоѓање на изгубените миленици.

Микрочипот е со големина на зрно од ориз, се вметнува од страна на стручно лице – ветеринар и доколку миленикот е чипиран, со помош на чипот, при неговото заловување од надлежните служби, многу лесно може да се утврди сопственоста на кучето и истото да биде вратено назад, на својот сопственик.

Еден ваков пример доаѓа од ЈП „Лајка“ - златниот ретривер Лео, кој по пријава од граѓани, беше лоциран како талка по улиците, повторно се врати дома, кај својот сопственик. Со помош на микрочипот и податоците од идентификациониот систем, многу лесно се најде сопственикот, кој по контактот со ЈП „Лајка“, не можеше да ја сокрие својата среќа што Лео повторно ќе си дојде во својот дом.

Чипирањето се изведува во секоја ветеринарна амбуланта, чини околу 800 денари, а до овој момент, чипирани се вкупно 72156 домашни миленици од кои 69234 кучиња, 2921 мачки и 1 ласица.

Би можело да ве интересира:

Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава