Девојката што ја запросија на Скопски маратон: „Да знаев дека ме чека на финиш со прстен, можеби ќе истрчав и побрзо“

Атанас ја запроси саканата Верче на скопскиот маратон на нејзиниот 29-ти роденден, плус постигаа лични рекорди во трките. За CRNOBELO.com тие откриваат детали за овој убав миг...

devojkata-shto-ja-zaprosija-na-skopski-maraton-da-znaev-deka-me-cheka-na-finish-so-prsten-mozhebi-kje-istrchav-i-pobrzo-01.jpg

Во неделата (03.10) се одржа 17-тиот по ред Скопски маратон, а токму на него се случи еден прекрасен настан - Верче Јовческа и Атанас Таско Анчевски си ветија љубов до крајот на животот.

Атлетичарот Атанас Таско Анчевски ја запроси својата сакана на нејзиниот 29-ти роденден. Со торта, солзи во очите и поддршка од најблиските тие имаа миг за паметење на Скопски маратон 2021.

За CRNOBELO Атанас Таско Анчевски открива:

„Идејата за вакво запросување ја добив пред три месеци, откако сфатив дека роденденот на моето девојче (сега веќе идна сопруга) се поклопи со истиот датум на Скопски маратон 2021.

Во 2020-та година бев победник на Скопскиот полумаратон и овој настан за мене има посебно значење и едноставно уживам кога ја трчам оваа трка. Оттука одлучив ова да биде денот што и двајцата ќе го паметиме за цел живот.

Морам да се заблагодарам на моите колеги од АК Делта без кои оваа идеја не би се реализирала. Навистина сите коцки се поклопија, јас истрчав личен резултат, освоив четврто место во генерален пласман, а бев прв од македонските натпреварувачи на полумаратонската трка, се срушија два државни рекорди на моите клупски колеги, мојата девојка истрча исто така личен резултат на полумаратонската трка, и ние како клуб постигнавме значајни резултати со кои испишавме историја. 

Најважно од сè, на крајот го добив судбинското ДА од мојата сакана.“

devojkata-shto-ja-zaprosija-na-skopski-maraton-da-znaev-deka-me-cheka-na-finish-so-prsten-mozhebi-kje-istrchav-i-pobrzo-02.jpeg

devojkata-shto-ja-zaprosija-na-skopski-maraton-da-znaev-deka-me-cheka-na-finish-so-prsten-mozhebi-kje-istrchav-i-pobrzo-09.jpeg

За CRNOBELO Верче Јовческа открива:

„Имаше постојано најави за настанот, нешто на шега, нешто сериозни зборови, но никогаш не очекував дека ќе го направи тоа на мојот роденден, згора на тоа на Скопски маратон, на една од неговите омилени трки на домашен терен. 

Денов беше полн со причини за славење. Мојот роденден, неговиот успех на трката и неговиот личен резултат, мојот личен резултат на 21 км. Можеби да знаев дека ме чека на финиш со прстен, ќе истрчав и побрзо.

Апсолутно ме изненади во секој поглед со целата организација, почнувајќи од роденденската торта, па сè до главниот момент.

Би сакале да ѝ се заблагодариме и јавно на нашата екипа од АК Делта за прекрасната организација. Фала ви дечки, среќни сме што ве имаме.

Јас овој роденден ќе го паметам секогаш, роденденската желба ми се исполни во рекордно време. Секому му посакувам ваква личност покрај себе.“

devojkata-shto-ja-zaprosija-na-skopski-maraton-da-znaev-deka-me-cheka-na-finish-so-prsten-mozhebi-kje-istrchav-i-pobrzo-07.jpg

devojkata-shto-ja-zaprosija-na-skopski-maraton-da-znaev-deka-me-cheka-na-finish-so-prsten-mozhebi-kje-istrchav-i-pobrzo-05.jpg

devojkata-shto-ja-zaprosija-na-skopski-maraton-da-znaev-deka-me-cheka-na-finish-so-prsten-mozhebi-kje-istrchav-i-pobrzo-06.jpg

devojkata-shto-ja-zaprosija-na-skopski-maraton-da-znaev-deka-me-cheka-na-finish-so-prsten-mozhebi-kje-istrchav-i-pobrzo-08.jpg

Видео од настанот:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко од Тетово ја запроси саканата на крузер додека крстареа низ Италија, Шпанија и Франција (фото) „Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Ита...
Запросување на Македонка во Солун на зајдисонце, покрај море со букет бели рози (фото) „Се запознавме во Штип, додека бевме на студии. Најинтересно беше тоа што имавме...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Како кукла: Елена Ристеска во кусо фустанче блесна на настап во скопски локал (фото) Со кусо светкаво фустанче и волуменозни бранови во косата, Елена Ристеска блесна...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg