Жизел Бејкер: „Иновациите и науката се залагаат за свет без чад“

Иновативните пристапи кон алтернативните производи за пушење, штетите предизвикани од согорувањето на тутунот и спречувањето на голем број болести предизвикани од пушењето, беа во центарот на 4-от Научен самит за намалување на штетите од тутунот, одржан во Грција.

zhizel-bejker-inovaciite-i-naukata-se-zalagaat-za-svet-bez-chad-01.JPG

Воведувањето на нови иновативни производи кои не го согоруваат тутунот може да ги зголеми напорите за подобрување на јавното здравје, додека потребата да се пристапи кон иновациите, во контекст на поширока соработка помеѓу сите засегнати страни би требало да има ефект врз намалувањето на штетните ефекти од пушењето. Овие теми беа во фокусот на четвртото издание на Научниот самит за намалување на штетите од тутунот: „Нови производи, истражувања и регулативи“, што се одржа во Грција.

Во дискусијата за „Трансформацијата на тутунската индустрија преку иновации“ беше истакнато дека ова е процес испреплетен со промените во светот околу нас. Д-р Жизел Бејкер, Потпретседател за глобален научен ангажман во компанијата Филип Морис Интернешнл зборуваше за важноста на науката, технологијата и иновациите. Таа истакна дека последиците од пушењето конвенционални цигари и болестите поврзани со пушењето го започнаа патувањето кон трансформација на тутунската индустрија.

„Иновациите создадоа нови производи што ни овозможуваат да им помагаме на пушачите, давајќи им избор што не постоел порано“, рече д-р Бејкер, осврнувајќи се на односот „пушачи-непушачи“ како единствени насоки.

Како што објасни, со користење на овие иновативни производи, пушачите се заштитетни од претерано штетните состојки, а на тој начин се подобрува јавното здравје.

д-р Бејкер истакна дека тутунските алтернативи овозможуваат внес на никотин, но со значително пониско ниво на токсични супстанции и потрошувачите се повеќе се насочуваат кон електронските цигари.

„Овие производи имаат потенцијал значително да влијаат врз јавното здравје, што ги води луѓето до помалку штетни алтернативи, намалувајќи ги обемот на болестите поврзани со пушењето“.

zhizel-bejker-inovaciite-i-naukata-se-zalagaat-za-svet-bez-chad-02.JPG

Според зборовите на Д-р Бејкер, целта е континуирано да се подобрува ефикасноста на овие производи, подобрувајќи ја иновативноста и многукратно зголемувајќи ја нивната перспектива, преку соработката на сите вклучени во процесот, бидејќи „колку побрзо одиме напред, толку повеќе се оддалечуваме од пушењето и неговите негативни ефекти по здравјето“.

Според неа, регулативите и правните рамки не се движат со исто темпо како иновациите.

„Ги променивме податоците и успеавме во трансформацијата, но фразеологијата и дебатата околу ова прашање остануваат исти. Продолжуваме да ја користиме истата терминологија, поставувајќи го како единствена цел откажувањето од пушењето. Од друга страна, науката околу развојот на алтернативни производи мора да продолжи со исто темпо“, нагласи Бејкер.

Би можело да ве интересира:

Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“ Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На...
Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...
„Нека Бог ве води“ - Атрактивната водителка, Емакулате од Кенија, позираше новогодишно со сопругот М... „Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заед...
Перо Камиказа откри дека Драган. Б. Костиќ бие животна битка: „Звучи подобро, мислата му е бистра“ „Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро з...

Најчитани неделава