Како изгледаат напорните тренинзи на Катарина Ивановска (33) за фит изглед? (видео)

И по две породувања, Катарина Ивановска е во топ форма. Во што се крие тајната на нејзиниот фит изглед?

kako-izgledaat-napornite-treninzi-na-katarina-ivanovska-za-fit-izgled-video-01.jpg

Катарина Ивановска веќе години наназад е во топ форма. И по двете деца, 33-годишниот модел е во совршена телесна форма.

Но, покрај добрите гени, за нејзиниот изглед заслужни се и напорните тренинзи.

Периодов нејзин персонален тренер е бодибилдерот Мирко Петровски.

Со видео од фитнес центарот тој покажува како Катарина прави тренинзи за нозете.

„Една од најефективните изолациони вежби за глутеусот. Препорачувам доколку сакате да го зголемите волуменот на глутеусот работете ја вежбата со поголемо оптеретување и помал број на повторувања (6-10). Изработете 3-4 серии со пауза помеѓу нив од 1 до 3 минути.

Доколку сакате да постигнете обликување и да ги намалите масните наслаги изработете ја вежбата со мало оптеретување и поголем број на повторувања (над 15), повеќе серии и кратка пауза помеѓу сериите (максимум 30 секунди).“, препорачува Мирко Петровски.

На второто видео фокусот е на горниот дел од телото.

„Со овој тренинг се опфатени сите мускули на горниот дел на телото. Препорачувам сите вежби да се изедуваат во кружен тек без пауза меѓу нив (доколку имате потреба од пауза потрудете се да биде што пократка).

Со овој вид на тренинг го обликувате вашето тело, а во исто време го согорувате вишокот поткожно масно ткиво.“, вели Мирко.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска позира како Хали Бери, Катарина Ивановска фрла ѓубре „со стил“ - Другарките заедно н... Овој пат двете долгогодишни пријателки одлучија да појдат на одмор со децата сам...
Катарина Ивановска на патување од соништата - Покажува како ѝ изгледа едно бајковито утро во Тоскана... Ако сон ви е да се разбудите во винтиџ автентична вила среде Тоскана со спектаку...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Тука е дете, сега е жена“ - Ретро снимка покажува како изгледаше Антониа Гиговска (25) пред 10 годи... „Тука е дете, сега е жена“, гласи еден од коментарите под ретро снимката од гост...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
„И во лошо и во добро“ - Катарина Ивановска објави романтични и семејни фотки за роденденот на партн... Со досега необјавени фотки, на кои е клекната пред него, но и фотографија на кој...

Најчитани неделава