Дизајнирани патики од вештите раце на Македонец станаа светски хит - ги носат и НБА играчите (фото)

Горди сме! „Знаете ли дека во Скопје живее еден Сатја Грабулоски кој со својот бренд SWithaDot рачно црта уникатни oneofakind патики за светски ѕвезди? Патики со негов дизајн вчера се носеа на НБА натпревар“ - гласи виралниот твит.

dizajnirani-patiki-od-veshtite-race-na-makedonec-stanaa-svetski-hit-gi-nosat-i-nba-igrachite-foto-01.jpgфото (лево): Фејсбук Сатја Грабулоски

Сатја Грабулоски стои зад брендот за дизајнирани патики SwithADot. Oд вештите раце на овој Македонец се креирани неверојатни дизајни кои го воодушевија светот, а кои ги носат и славните НБА играчи.

Тој црта уникатни дела, а на Инстаграм профилот на брендот има повеќе од 131.000 следбеници.

Некои од патиките се изработка на неговиот бренд, додека други се во соработка со некои од светските брендови.

Деновиве вирално се споделува информација од Твитер:

„Знаете ли дека во Скопје живее еден Сатја Грабулоски кој со својот бренд SWithaDot рачно црта уникатни oneofakind патики за светски ѕвезди? Патики со негов дизајн вчера се носеа на НБА натпревар. Ете, само сакав да споделам.“

Горди сме кога за Македонија ќе се чуе во светот на ваков начин.

Дел од патиките нацртани од вештите раце на Сатја:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Македонец со емотивна исповед: „Имав 126kg и пиев за да заборавам кој сум... сега сум татко и трчам ... „Таско раскажуваше како престанал да пие. Ерко за неговата ќерка со леукемија. М...
Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала... „Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му ...
Македонец уникатно ја запроси саканата во Лајпциг – таа вози трамвај, тој ја пречека на станица со б... „Верувајте дека многу е покомплицирано од што изгледа. Колегите дури мораа и ком...
Македонец тргна да трча од Соборен храм до Острог цели 600km за да собере пари за болни дечиња: „Ќе ... „Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава