Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Емотивна објава на Македонка: „Ми велеа: ‘Никако немој да го заспиваш твоето бебе во раце’ – грешеа!“

„Не го држи во раце, ќе го размазиш! Немој да го доиш кога и да посака, гледаш дека си игра со тебе, те манипулира!!!’ Навистина?! Колку сум среќна што не ги послушав овие совети од мајки, кои буквално ме предупредуваа како да ја правам најголемата грешка во мојот живот...“, гласи дел од објавата на Загорка Видоевска од Скопје.

emotivna-objava-na-makedonka-mi-velea-nikako-nemoj-da-go-zaspivash-tvoeto-bebe-vo-race-greshea-01.jpg

Загорка Видоевска од Скопје е мајка на 2 деца која на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 5.000 следбеници, постојано споделува детали од секојдневието.

Овојпат таа сподели фотографии со своите дечиња Кира и Јаков и им посвети емотивна објава.

Нејзината објава сигурно ќе ве допре и вас до срце, затоа што вакви совети многумина делат:

„Ми велеа: ‘Никако немој да го заспиваш твоето бебе во раце! Ако го научиш, потоа засекогаш ќе мора да го заспиваш така! Немој да дозволуваш да спие во твојот кревет. Никако!!!

Не го држи во раце, ќе го размазиш! Немој да го доиш кога и да посака, гледаш дека си игра со тебе, те манипулира!!!’

emotivna-objava-na-makedonka-mi-velea-nikako-nemoj-da-go-zaspivash-tvoeto-bebe-vo-race-greshea-02.jpg

Навистина?! Колку сум среќна што не ги послушав овие совети од мајки, кои буквално ме предупредуваа како да ја правам најголемата грешка во мојот живот.

Ве заспивав во раце и сѐ уште го правам тоа, ќе спиете со мене секогаш кога ќе ви биде страв да спиете сами. Ве доев секогаш кога ќе побарате.

emotivna-objava-na-makedonka-mi-velea-nikako-nemoj-da-go-zaspivash-tvoeto-bebe-vo-race-greshea-04.jpg

Кира ми беше во раце кога и да посака и сега ја држам понекогаш, но тоа е многу ретко, голема е! Така ќе биде и со Јаков и никогаш ама буквално никогаш не зажалив за ништо.

Затоа што за мене најголема среќа е кога ги гушкам и го слушам чукањето на нивните срца, го дишам нивниот магичен мирис и само кога ми се тука сум целосно спокојна.

emotivna-objava-na-makedonka-mi-velea-nikako-nemoj-da-go-zaspivash-tvoeto-bebe-vo-race-greshea-05.jpg

Родители, гушкајте ги вашите деца, држете ги, заспивајте ги во раце. Не велам дека е лесно, знам дека сте уморни, но растат толку брзо.

Нема да имаат секогаш толку голема потреба од нашето време и внимание и затоа сакам да им се дадам целосно. Времето лета и сигурна сум дека толку овие мигови ќе ни бидат најубавите спомени.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јаков Спасов, синот на Дац, и сопругата Софија на меден месец на Исланд објавија дека очекуваат бебе Парот кој стапи во брак во мај годинава периодов ужива на патување во Исланд, а ...
Македонка е уникатна и кул невеста со кратка венчаница и специфична фризура „Уште во првиот фустан што го пробав, се чувствував своја и веднаш донесов одлук...
Maкедонка со магични раце креираше ремек-дело на чинија во чест на Тоше Проески Тоше Проески е инспирација и 14 години по смртта, а креативната Данче од Гевгели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg