Оценете го квалитетот на македонските е-продавници преку платформата „Натапет.мк“

„Натапет.мк“ е прва македонска платформа каде што корисниците можат да се информираат околу валидноста на е-продавниците во Македонија и да го споделат нивното лично искуство при онлајн купувањето.

ocenete-go-kvalitetot-na-makedonskite-e-prodavnici-preku-platformata-natapet-mk-01.jpg

Поттикнати од неправдите и незадоволството на клиентите што се случуваат секојдневно при онлајн купувањето, како што се добивање грешни продукти и не добивање на фискални сметки или потврди за нивните нарачки доколку истите ги платиле онлајн, студентите од ФИНКИ и од Економскиот Факултет на УКИМ ја направија платформата Натапет.мк.

Оваа платформа беше направена во рамки на студентскиот онлајн хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“, кој сеодржа во мај годинава, а беше организиран од Асоцијација за Е-Трговија на Македонија.

ocenete-go-kvalitetot-na-makedonskite-e-prodavnici-preku-platformata-natapet-mk-04.jpg

При подготвувањето на платформата студентите целеа на тоа да направат промена во македонската е-трговија и да овозможат на граѓаните да можат безбедно да купуваат онлајн, истовремено овозможувајќи на е-трговците да изградат свои легитимни, квалитетни и препознаени бизниси.

Со ова решение креаторите на платформата сакаат да допринесат кон решавање на општествениот проблем со кој се соочува нашата држава, а тоа е сивата економија. Исто така, во сузбивањето на сивата економија ќе можат да се вклучат и самите купувачи со тоа што ќе го споделат своето лично искуство за е-продавниците.

„Доколку сакате да направите нарачка од некоја онлајн продавница Натапет.мк е правото место каде што може да се информирате за валидноста и интегритетот за истата пред да направите одредена нарачка” - истакнаа од тимот на Натапет мк.

ocenete-go-kvalitetot-na-makedonskite-e-prodavnici-preku-platformata-natapet-mk-03.jpg

Крајната цел е да се поттикнат македонските е-трговци да се стремат да бидат подобри, а тоа може да се постигне со јавна и објективна критика, но и пофалба за нивните е-продавници.

www.natapet.mk, посетете нѐ, информирајте се и споделете го вашето мислење!

Да изградиме заедно подобра и подоверлива онлајн средина.

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...

Најчитани неделава