Локал со душа: На турски чај во Старата чаршија - ќе ви донесат и трилече од соседната слаткарница (фото)

Ниски столчиња прекриени со чергички, наредени на калдрмата во Старата скопска чаршија, плус турски чај сервиран со насмевка и со превкусно трилече од соседната слаткарница... Уште едно местенце со душа во Скопје.

lokal-so-dusha-na-turski-chaj-vo-starata-charshija-kje-vi-donesat-i-trileche-od-sosednata-slatkarnica-foto-01.jpg

Старата чаршија е секогаш добра идеја, особено во поубави денови, зарем не?

Калдрмата, традицијата, уникатниот шарм што го има се мевлем за срце.

Еден од малите локали кои се дел од душата на чаршијата е чајиџилницата „Лачи“, каде ќе добиете вкусен турски чај сервиран со насмевка, а харизматичните вработени без проблем ќе ви донесат дури и парче трилече од слаткарницата од спротивната страна, со која ги дели само тесната калдрма.

Покрај чај, тука ќе се напиете и одлично турско кафе сервирано на традиционален начин.

Со мали столчиња, черги, цвеќе, овој локал дефинитивно има посебен шмек.

На социјалните мрежи нема многу фотографии оттаму за да ви ја доловиме атмосферата, но и преку овие неколку можеби ќе успееме да ви го пренесеме шармот на ова место.

lokal-so-dusha-na-turski-chaj-vo-starata-charshija-kje-vi-donesat-i-trileche-od-sosednata-slatkarnica-foto-03.jpgфото: Инстаграм Катерина

lokal-so-dusha-na-turski-chaj-vo-starata-charshija-kje-vi-donesat-i-trileche-od-sosednata-slatkarnica-foto-02.jpgфото: Инстаграм Катерина

Прочитајте и Кафуле во Старата скопска чаршија го служи кафето во кокос - уникатно доживување (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели пе... Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и негов...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото) Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...

Најчитани неделава