Атракција во Дојран: Нутрија без страв си „позира“ пред минувачите покрај езерото (фото)

Фотографии од интересна сцена покрај Дојранското Езеро станаа вирален хит... Нутрија им „позира“ на минувачите.

atrakcija-vo-dojran-nutrija-bez-strav-si-sedeshe-pred-minuvachite-pokraj-ezeroto-foto-01.jpg

Ѓорѓи Ичев во Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ сподели фотографии кои сведочат за интересна сцена во Дојран.

Тој фотографирал нутрија покрај Дојранското Езеро, за која вели дека не се плашела од случајните минувачи.

„Вчера 6.02.2022 најголема атракција во Дојран беше нутријата која без страв, цело време позираше на многубројните гости“, напиша Ѓорѓи во описот на фотографиите.

Нутрија е голем тревопасен, полуакватичен глодач. Потекнува од умерените зони на Јужна Америка, но луѓето го имаат пренесено во Северна Америка, Европа, Азија и Африка, првенствено заради одгледување за крзно. Го има и во Македонија, како што сведочат и фотографиите.

Иако во некои региони овој глодач сѐ уште го ценат поради крзното, неговиот деструктивен начин на исхрана и копање дупки го прават овој инвазивен вид штетник низ поголем дел од неговата животна средина.

Сцената од Дојран:

atrakcija-vo-dojran-nutrija-bez-strav-si-sedeshe-pred-minuvachite-pokraj-ezeroto-foto-02.jpg

atrakcija-vo-dojran-nutrija-bez-strav-si-sedeshe-pred-minuvachite-pokraj-ezeroto-foto-03.jpg

С. С. | Црнобело / фото: Ѓорѓи Ичев - Фејсбук група Патувања низ Македонија

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...

Најчитани неделава