Мери со ново јавување во живо од Украина: „Во близина сме на границата со Романија, на запад ситуацијата е постабилна“

„Како одиме кон запад, така ситуацијата е помирна“ – вели Мери Амбросова, македонката која денес заедно со ќеркичката Марта тргна да бега од Украина по инвазијата на Русија врз земјата по копнен, воден и воздушен пат.

meri-so-novo-javuvanje-vo-zhivo-od-ukraina-na-zapad-situacijata-e-postabilna-01.jpg

Мери во текот на денот споделуваше кратки видеа од патувањето на Инстаграм и во неколку наврати потенцира дека таа и ќеркичката Марта се добро, а дека тргнале да се враќаат во Македонија преку Романија. Попатно морале да застануваат неколку пати да надополнуваат гориво затоа што на бензинските пумпи има ограничувања од максимум 20 литри.

Мери даде ексклузивна изјава за вестите на ТВ Сител каде рече дека се речиси на половина пат до дома, а ги очекува долга ноќ на границата:

„Сега одиме кон романска граница. Има два гранична премини, на едниот ни кажаа дека е гужва па одиме кон другиот. Нема толку голема паника, сè си работи,  можеме да плаќаме и со картичка. Утрово беше паника, како сме по на запад така е постабилно. Нема недостаток на храна, полиците редовно се дополнуваат. Украинците навистина се смирен народ, спокоен, така и возат“.

Мери вели дека имало доста гужва на патиштата од луѓето кои масовно се обидуваат да ја напуштат земјата, а сè уште е неизвесно како ќе ја поминат границата, со оглед на тоа што Мери е македонска државјанка, а ќеркичката е украинскa.

„Таа е со украински пасош, но добив насоки од амбасадата во Македонија дека ќе ја пуштат Марта без проблем да влезе во Македонија“ - вели Мери.

Таа вели во текот на изминатите денови дека никој не очекувал дека ќе почне војна и живееле во надеж дека ќе се смири состојбата, а среде ноќ кога почнале нападите веднаш таа и Марта тргнале на пат за Македонија, а сопругот останал во Украина.

Прочитајте и Мајка oд Македонија се враќа од Украина сама со автомобил со ќеркичката: „Сè е блокирано, имам 10 часа возење до граница“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со др... „Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...

Најчитани неделава