Денес започнуваат велигденските пости и траат 48 дена - кои се правилата?

За православните верници, велигденските пости започнуваат денес, на 7 март. Постот кој трае 48 дена, е најдолгиот од сите четири пости, од Прочка до Велигден и трае вкупно 7 седмици.

Denes-zapocnuvaat-veligdenskite-posti-01.jpg

Велигденскиот пост се смета за најстрог пост, бидејќи најчесто се пости на вода, но важно е да се знае дека постот не е самооткажување од храна.

Најважното правило на постот е воздржување од лоши мисли и дела, како и зајакнување на духовноста.

Велигденскиот пост нема свој постојан датум, односно зависи од определениот датум на Велигден.

Првата недела на постот се нарекува Недела на Православието. Втората е Недела на Свети Григориј Палама.

Третата е Крстопоклона – Недела на Чесниот Крст, кога верниците се поклонуваат и го бакнуваат изнесениот крст на богослужбата.

Четвртата е посветена на Свети Јован Лествичник и во неа се преминува средината на постот. Петтата е на света Марија Египќанка.

Шестата седмица е Цветна (Цветници), наречена според цвеќето и зелените гранчиња што ги фрлале децата и луѓето пред Христа при Неговото влегување во Ерусалим.

Седмата е последна седмица пред Велигден, наречена Страдална, Страсна или Велика недела.

Постот значи прочистување на душата и телото, а важно е да се негува љубов, добрина, радост и внатрешен мир во срцето. Верниците постат за да се причестат, а причестувањето претставува соединување со Бога и се практикува за здравје, мир и спасение.

Правила на постот

Доколку се одлучувате да постите за време на велигденските пости постојат неколку општи правила до кои треба да се придржувате.

Освен што ќе избегнувате храна од животинско потекло, ќе се воздржувате од лоши мисли и дејствија, треба да знаете и дека иако обично се смета дека рибата е дозволена за време на целиот пост, според правилата објавени на Бигорски Манастир, таа се дозволува само во два дена.

Проследете ги овие три општи правила до кои треба да се придржувате:

  • За цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло;
  • Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло;
  • Риба се консумира само на Благовештение (07.04) и Цветници (17.04).

Идеални за велигденските пости - 3 посни рецепти без грам масло

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава