Запознајте го семејството на Стефан Ристовски, капитенот на македонската фудбалска репрезентација (фото)

На капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски (30) најголема инспирација и поддршка му се сопругата Андреа (30) и 3-годишниот син Давид, како и малиот син Лука, кој во август ќе наполни една година.. По историската фудбалска победа над Италија, Стефан напиша: „Емоција која не се опишува. Радувај се моја мила Македонија!“

zapoznajte-go-semejstvoto-na-stefan-ristovski-kapitenot-na-makedonskata-fudbalska-reprezentacija-foto-01.jpg

Стефан Ристовски (30) е капитен на македонската фудбалска репрезентација и спортист кој го остава срцето на терен, заедно со своите соиграчи.

По историската фудбалска победа над Италија, тој на својот Инстаграм профил напиша: „Емоција која не се опишува. Радувај се моја мила Македонија!“

Тој ја започнал својата фудбалска кариера во родниот град Скопје, во екипата на Вардар за која дебитирал со само 16 години. Во јануари 2010 година, на 17-годишна возраст потпишал петгодишен договор со италијанската Парма, но договорот не бил официјализиран додека не наполнил 18 години.

Сега е играч од одбраната на клубот Динамо Загреб.

Најголема инспирација и поддршка му се сопругата Андреа (30) и 3-годишниот син Давид, кој обожава да трча и да позира на терените, каде неговиот татко постигнува неверојатни успеси. Парот во август 2021-ва доби уште еден син, кој го носи името Лука.

Стефан е во брак со Андреа од 2017 година.

Тој стана капитен на македонската фудбалска репрезентација во 2021-ва година, по пензионирањето од репрезентацијата на нашата фудбалска легенда Горан Пандев.

Запознајте го неговото прекрасно семејство:

Повеќе семејни фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото) Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Стефан Лазаров среде скандал, по реновирањето на дом: „Пред 4 години на истото семејство му го ренов...  „Ајде сега за лошиот дел од кој ми се гади секогаш кога правам хуманитарни...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Стефан Лазаров: „Комплекс ми беа клемпавите уши, срам ми беше да зборувам со девојчиња – се оперирав... „Си носев подолга косичка, ми беше срам да разговарам со девојчиња, малку ја врт...

Најчитани неделава