Сопругата и двете ќерки му се најголема поддршка – Факти за Дарко Димитров, најголемиот регионален музички продуцент

Дарко Димитров е најпознатиот македонски и регионален текстописец, композитор, музички продуцент - бисер со кој сите ние се гордееме.

Vo-dushata-sum-kompjuterdzija-soprugata-ja-zapoznav-na-denot-na-nezavisnosta-fakti-za-Darko-Dimitrov-najgolemiot-regionalen-muzichki-producent 01 630x330.jpg

Роден е на 21 јануари 1973 година во Скопје и одамна ја носи титулата „ревитализатор на регионалната поп сцена“.

Дарко може да се пофали со многубројни меѓународни соработки со многу популарни домашни и странски артисти и исто толку добиени награди.

Во 2019 година музичката видео компанија IDJ Videos го избра Димитров за најдобар продуцент на овие простори, а за тоа дека оваа награда е сосема заслужна зборуваат неговите најголеми хитови во регионот како што се песните на Анастасија Ражнатовиќ, Емина Јаховиќ, групата Hurricane, Ана Николиќ, Едита Арадиновиќ, Дино Мерлин и многу други.

Неговата семејство има богата музичка историја, како на пример неговиот дедо Благоја Петров – Караѓуле бил познат по своето оперско пеење, а исто и по пеењето на традиционалната музика.

Ретко кој не знае дека Дарко Димитров е син на познатиот и грандиозен македонски пејач и композитор Славе Димитров, па и оттаму неговите чекори и постигнати резултати се сосема очекувани.

Дарко Димитров има дипломирaно на Музичката академија во Скопје и работи во своето семејно музичко студио наречено „Студио Димитрови“.

„Не можеш да ги избегнеш гените. Искрено, не мислев дека ќе се занимавам со музика, сакав да бидам режисер. Тоа ме интересираше. Почнав од дете, од 8-мо одделение и со текот на времето создадов компјутерска фирма.

Во душата сум компјутерџија. Фирмата ми траеше неколку години, потоа му ја предадов на мојот другар и тој ја продолжи. За брзо време ме заинтригира режија и музиката, па тука се споија и гените“.

Еден од неговите први хитови е „Отвори го пенџерчето“, рап пародија на популарната фолк песна изведувана од групата Нулта Позитив во соработка со популарниот фолк пејач Митре Митревски.

По продуцирањето на хип-хоп музика за време на раните 1990-тите, Дарко Димитров се префрлил на музичката поп сцена.

Од 1996 има продуцирано по неколку хитови за артистите: Нокаут, Ребека, Каролина Гочева, Ерзана, Тоше Проески, Јован Јованов, Брејк, Тамара Тодевска, Калиопи, Владо Јаневски, Раде Врчаковски и многу други.

Во 1999 издал компактен диск насловено како „100% хитови - Најдоброто од Дарко Димитров“ од различни изведувачи, кое достигнало рекорди во продажбата во Македонија.

Песната Нинанајна во продукција на Дарко Димитров беше македонската песна за Евровизија во 2006 година.

Изведувана од Елена Ристеска, оваа песна се здоби со 56 бодови и досега е второпласиран успех на нашата држава.

Првопласирана е песната Proud која ја изведе Тамара Тодевска, постигна прво место од жирото, а заврши на седмото место.

Дарко Димитров има добиено над 30 награди во категориите за „најдобар продуцент“ и „најдобар аранжер“.

Тој е основач на „M2“ - музичка продукциска компанија заедно со Иво Јанкоски, кој е менаџер на познатите македонски групи Леб и Сол, Архангел и Анастасија.

Со М2 има организирано неколку талент шоуа, од кои произлегоа македонските познати изведувачи: Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, 4play, Емил Арсов и Туна.

Кога станува збор за неговиот приватен живот, Дарко ретко практикува да зборува и открива детали, но понекогаш знае да сподели фотографии со членовите на неговото семејство, односно сопругата и двете ќерки.

Вели дека постигнал успех благодарение на поддршката која ја добива токму од нив.

Тој и Маја се заедно од почетоците на неговата кариера. Нивната прва средба била на прославата за осамостојувањето на Македонија каде што неговиот татко го пеел евергринот „Чија си“.

Во моментов, Дарко Димитров е дел од жирито на трката за таленти на IDJShow - високобуџетен телевизиски формат кој се емитува секоја недела на каналот IDJTV, каде публиката има можност да се запознае со натпреварувачите и жирито, како и со нивниот начин на оценување на учесниците.

Во продолжение издвојуваме повеќе фотки од Дарко и музичките ѕвезди со кои тој досега соработувал:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава