МРТ конечно со официјална одлука: Дали Андреа ќе се соочи со санкции на Евровизија 2022?

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата...

mrt-konechno-so-oficijalna-odluka-dali-andrea-kje-nastapuva-na-evrovizija-2022-01.jpg

По скандалот со фрлањето на македонското знаме, учеството на Евровизија 2022 во Торино на нашата претставничка Андреа Коевска беше неизвесно.

Но, сега е официјално - Андреа ќе настапи утре (12.05) на втората полуфинална евровизиска вечер.

Официјалното соопштение на МРТ:

„Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија.

Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Вирална објава на Македонка: „Скопје мириса на смрт. Тука децата не растат со румени образи, туку со... „Тука, во Скопје, децата не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и...
Жарко Димоски и Андреа прославија 5 години брак – тој ѝ подари прстен со 5 дијаманти, па имаа интере... „5 дијаманти за 5 години брак“ – напиша Андреа на фотката од подарокот од нејзин...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Сопругата на Кили емотивна 2 месеци по неговата смрт: „Животот продолжува, но одеднаш ќе дојде една ... „Полека животот продолжува, како сè да е нормално, ама одеднаш ќе дојде една ужа...

Најчитани неделава