Браво Алекса! Факти за српскиот маратонец што со инвалидска количка беше дел од маратонот „Охрид трчат“

Алекса Петровиќ боледува од церебрална парализа, а со својата инвалидска количка, благодарение на Марко годинава го оствари својот сон и настапи на охридскиот маратон „Охрид трчат“. Кога имате пријатели како Марко, тогаш светот е ваш, зарем не?

ima-cerebralna-paraliza-a-prijatelite-mu-pomagaat-da-go-ostvari-sonot-fakti-za-srpskiot-maratonec-shto-so-invalidska-kolichka-kje-trcha-na-maratonot-vo-ohrid-01.jpg

Алекса Петровиќ (29) потекнува од Јагодина, Србија, а со својата инвалидска количка и благодарение на добрите пријатели годинава настапи на охридскиот маратон „Охрид трчат“.

Приказната на Алекса е приказна за упорноста, истрајноста, за живеењето на животот со полн здив, но и за важноста од добрите и вистински пријатели што се тука за нас кога ни се најпотребни.

Младиот дипломец по информатика има спортски дух, а во последните неколку години успева да учествува на маратоните благодарение на добрите пријатели кои ја туркаат неговата количка. Во Охрид неговата количка беше туркана од страна на Марко Гајиќ кому не му е првпат да му помогне на својот пријател да стигне до целта.

Марко објави фотографии на Инстаграм од маратонот во Охрид:

На Алекса церебралната парализа му била дијагностицирана кога имал само 6 месеци, во една прилика, тој и неговите родители раскажаа дека состојбата делумно му се подобрила додека во земјата доаѓале лекари од Русија, но по бомбардирањето од 1999-та година тие престанале да доаѓаат во Србија.

За среќа, кога тргнал во училиште во 2000-та година тој не се соочил со отфрлање во училиштето, туку напротив врсниците веднаш го прифатиле и почнале да му помагаат, а меѓу сите нив најмногу се истакнале Марко и Немања кои редовно ја туркаат неговата количка на сите маратони каде што оди. Тие од нивна 7-годишна возраст прават сè за нивниот пријател да биде среќен.

За првпат кога настапиле во 2018-та година увиделе дека инвалидската количка на Алекса не е дизајнирана за трчање, па така овие пријатели му помогнале да го оствари својот сон така што го туркаат само на задните тркала.

Алекса за маратонот во Охрид дознал од роднини, а годинава заедно со неговиот најдобар другар Марко го остварија сонот да трчаат и по охридската калдрма.

Браво, луѓето како Марко се инспирација!

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марко Пејчиновски: „Како мали со брат ми го видовме татко ни како чисти една гнасна кофа - добивме в... „Го прашавме татко ни: „Како не ти е гнасно тоа да го чистиш?“ Тој престана со м...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава