Алмедина Исмајли – едно од најубавите ТВ лица во Македонија (фото)

Новинарката и презентерка, која веќе 5 години е дел од тимот на ТВ21, за CRNOBELO.com oткрива дека во новинарството се нашла случајно, но инстантно се вљубила. Таа е едно од најубавите лица на нашите ТВ екрани...

almedina-ismajli-edno-od-najubavite-tv-lica-vo-makedonija-foto-01.jpg

Алмедина Исмајли од Куманово е новинар, презентер и инфлуенсер и едно од најубавите ТВ лица кај нас.

Таа веќе 5 години работи во Скопје во телевизијата ТВ21.

За изборот на професија Алмедина за CRNOBELO.com открива:

„Имам завршено студии на Филолошки факултет, случајно се најдов во новинарството, а сега не можам да се одделам од него и да работам нешто друго.

Се вљубив во оваа динамична професија и навистина ме исполнува.

Денот во медиумот во кој работам ми е исполнет со многу активности, а по работното време често имам сликања за компаниите со кои соработувам.“

На прашањето како изгледа еден нејзин работен ден Алмедина вели:

„Денот го почнувам релативно рано, станувам во 7:30 и додека го пијам утринското кафе, на телефон читам вести, се информирам што се случило вчера, а и какви настани нѐ очекуваат, бидејќи тоа е тесно поврзано со мојата професија како новинарка.

Потоа, се подготвувам за на работа со многу лесен мејкап, најчесто со спортска облека и секогаш со патики.

По утринскиот брифинг што го имаме секое утро на работа, одам да појадувам и почнувам со работа, дневни активности, зависно на каква тема работам.

По работа одам право дома, сакам да се рекласирам со читање или гледање филм, попладнето е време за поведри теми, па читам што се случува во светот на шоубизнисот и слично.“

Фотографии од Алмедина Исмајли:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...

Најчитани неделава