„Снага карпа, душа како памук“ - колегите се простуваат од актерот Митко С. Апостоловски кој почина на 67-годишна возраст

Ќе го помниме по култната реплика во филмот „Трето полувреме“ каде ја толкуваше улогата на Димитрија. Познатите личности масовно го споделуваат видеото во кое тој вели: „Македонија е свето име“,  по веста за смртта на актерот Митко С. Апостоловски.

makedonija-e-sveto-ime-replikata-po-koja-kje-go-pomnime-akterot-mitko-apostolovski-koj-pochina-na-67-godishna-vozrast-01.jpg

Веста за смртта на актерот Митко с. Апостоловски ја објави Битолскиот народен театар:

„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на Народен Театар Битола, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски.  Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега!“ – стои во објавата на Фејсбук.

По објавата голем број од познатите личности со свои објави се простуваат од актерот кој покрај големиот број театарски услоги, ќе остане запаметен и по филмските улоги, во филмовите „Големата вода“, „Година на мајмунот“, „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.

Познатите македонски личности се збогуваат со познатиот актер, а голем дел од нив го споделуваат и видеото со култната реплика од филмот „Трето полувреме“:

„Почина Митко С. Апостоловски. Актерот кој на филмското платно ќе биде запомнет по репликата “Македонија, тоа е свето име бе мамето ваше”.

Битолчанец кој долги години работеше во театарот во Куманово и зборуваше перфектен кумановски.

Почивај во мир Мице. Нека ти е светол патот.

Ќе се видимо тамо негде на некоју раќију. .“ – напиша актерот Тони Михајловски.

„Снагата карпа, душата памук, очите и насмевка космос, актерски виртуоз, доајен на битолското и македонско глумиште. почивај во мир драг Митко С. Апостоловски, нека ти е вечно името и славата“ - напиша актерката Јелена Жугиќ.

„Македонската и балканската театарска и филмска сцена денес изгубија многу. Битолскиот театар остана без еден од своите доајени. Но, секогаш ќе те паметиме вака, како што беше Великан на театарските штици и филмското платно“ – напиша Неда Маретиќ.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Ивана Кнез воодушевена од нашиот филм „Диџеј Ахмет“: „Ова ѝ е потребно на Македонија - ме насмеа, ра... „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за тинејџер од јуручките села близу Радови...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...

Најчитани неделава