Македонските актерки Сара Климоска и Сара Сандева на црвен тепих во Сараево – номинирани за наградата „Ѕвезда во подем“

Македонските актерки Сара Климоска и Сара Сандева викендов зачекорија на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Сараево, каде беа номинирани за наградата „Ѕвезда во подем“. Сара Климоска за улогата на Елена во „Močvara“,  а Сара Сандева за улогата на Софка во „Nečista krv“.

makedonskite-akterki-sara-klimoska-i-sara-sandeva-na-crven-tepih-na-vo-saraevo-nominirani-za-nagradata-dzvezda-vo-podem-01.jpg

Филмскиот фестивал во Сараево се одржува од 12-ти до 19-ти август, а меѓу големиот број познати актери што досега зачекорија на црвениот тепих се и македонските актерки Сара Климоска и Сара Сандева.

Сара Климоска е родена во Струга, во 1994-та година, а освен што играше во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски и во ТВ серијата „Фамилија Марковски“, таа во моментов е мошне актуелна по улогата на Елена Настева во српската ТВ серија „ Мočvara 2“.

Сара Сандева, пак е родена во 1997-ма година во Скопје, а во последните неколку години живее во Прага, Чешка, каде играла во серијата „The Fury“, а минатата година ја играше улогата на Софка во српската ТВ серија „Nečista krv“.

Во црн фустан од тантела и црни сандали, Сара Климоска зачекори на црвениот тепих во Сараево, каде се фотографираше заедно со останатите колеги од популарната српска серија, а Сара Сандева, пак во оваа прилика избра црн макси фустан со длабоко деколте.

https://www.facebook.com/sarajevofilmfestival/photos/10160062801317232

Двете Сари беа номинирани за наградата „Срцето на Сараево“ во категоријата „Ѕвезда во подем во драмски серии“. Покрај нив во истата категорија беа номинирани и Флорист Бајгора, Павле Менсур, Роберт Ожвар, Стипе Радоја, Стефан Вукиќ. 

akterkata-sara-klimoska-na-crven-tepih-na-filmskiot-festival-vo-sarajevo-nominirana-za-nagradata-dzvezda-vo-podem-02.jpg

Наградата во оваа категорија му припадна на Стефан Вукиќ, за улогата во ТВ серијата „Kljun“.

На филмскиот фестивал во Сараево досега зачекорија голем број други познати актери од регионот.

Погледнете дел од фотографиите:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс се пожали за обврските: „Цел час патувам од Пинтија, со пријатели договарам дружби 3-4 сед... Сара Мејс детално прочита како ѝ изгледа дневниот распоред: „Кучиња и јади. Тоа ...
Сара од Битола е томпалевска снаа во Лазарополе: „Видовме мечка со сопругот, тој ja сликаше, селото ... „Пред некој ден, кога си одевме од Лазарополе и после Меривичина краста, свекрва...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...
Милчо Манчевски за средбата со кралот Чарлс: „Ми побара да го види ‘Пред дождот’, многу е трпелив“ „Приемот во Лондон беше во првата и најстара кралска палата Сент Џејмс. Потоа се...

Најчитани неделава