Антониа Гиговска му го честиташе роденденот на партнерот Иван, откако ги негираше гласините за раскинувањето (фото)

И покрај гласините дека веќе не се заедно, парот е во среќна врска која ја држат настрана од јавноста, а Антониа на Инстаграм му го честиташе роденденот на саканиот Иван Јованов и напиша: „Голем да ни растеш“.

antonia-gigovska-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-partnerot-ivan-otkako-gi-negirashe-glasinite-za-raskinuvanjeto-foto-01.jpg

Пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, денес го слави својот роденден, а неговата девојка Антониа му го честиташе со постара фотка на Инстаграм Стори и напиша: „Голем да ни растеш“.

antonia-gigovska-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-partnerot-ivan-otkako-gi-negirashe-glasinite-za-raskinuvanjeto-foto-02.jpg

Инаку, изминатиот период Антониа и Иван беа мета на гласини дека веќе не се во врска, затоа што во последната година речиси и воопшто да не се појавуваа заедно на социјалните мрежи.

Периодов имаме прилика двајцата да ги гледаме фокусирани на музичката кариера и со исполнета агенда, па многумина се прашуваа дали парот се разделил.

Сепак, во гостување во „Бекстејџ“  и кај Лазаров, Антониа ги негираше гласините. Таа откри дека уште се во врска и дека ништо не е променето, освен што сега ја држат романсата настрана од јавноста, а повеќе ги прикажуваат своите работни ангажмани.

Младата пејачка е целосно посветена на градење на својата кариера, во изминатиот период сними неколку хит-песни, настапи на повеќе места низ Македонија, а гостуваше и во некои од најпопуларните ТВ емисии во Србија.

Иван пак, заедно со својот бенд, има зафатена агенда, а летово речиси без престан настапуваат низ Македонија и ги полнат локалите со фанови кои уживаат во забавата. 

До минатото лето имавме прилика почесто да го гледаме парот како заедно се забавува, но сега тоа не е случај, па ве потсетуваме на постари фотки од најпопуларниот пар на естрадата:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Иван Јованов: „Оперирав грло во февруари и паднав психички - полека се враќам во посакуваната вокалн... „Не е лесно, целосно ми е изгубена вокалната кондиција, зашто јас си вежбав цел ...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Иван Босиљчиќ и Димитар Андоновски ја пеат „Ако одам во Битола“ на концерт: „Не знаев дека ќе ме вик... „За мојата Јелена да не се лути на мене што јас ја пеам нејзината омилена песна,...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Иван Јованов ќе бил Кристина, Сузана Гавазова - Мери: Како требало да се викаат познатите Македонци? „За мене првин мислеле дека ќе бидам женско и татко ми имал желба да се викам Ка...

Најчитани неделава