Најпосакуваниот австралиски ерген ја запроси Македонката Ирена под водопади (видео)

„Моментот за кој сонував уште како мало девојче, дека ќе се свршам со мојата сродна душа, со мојот најдобар пријател и со љубовта на мојот живот...“, напиша Ирена Србиновска на Инстаграм, а сподели и дека е навистина под стрес околу организацијата на свадбата.

najposakuvaniot-avstraliski-ergen-ja-zaprosi-makedonkata-irena-pod-vodopadi-video-01.jpg

Таа е природна, скромна, работи како медицинска сестра, потекнува од Битола, а живее во Мелбурн... Ирена Србиновска победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на „најпосакуваниот ерген“ Локи Гилберт, кој од сите девојки ја избра токму неа за своја партнерка.

Оттогаш парот ужива во љубовта и во авантурите патувајќи низ Австралија.

Наскоро тие ќе ја крунисаат својата врска со брак, по уникатното запросување кое Локи ѝ го приреди на Ирена на водопади во јуни.

najposakuvaniot-avstraliski-ergen-ja-zaprosi-makedonkata-irena-pod-vodopadi-video-02.jpg

Ирена тогаш на својот Инстаграм објави:

„Моментот за кој сонував уште како мало девојче, дека ќе се свршам со мојата сродна душа, со мојот најдобар пријател и со љубовта на мојот живот.

Водопадите се специјални за нас, нашето прво патување заедно беше на водопади и првата фотографија на моите родители како пар е направена под водопади. Па, не ни можев да си замислам посовршено запросување... Толку е природно и толку личи на нас“.

По запросувањето Ирена на Инстаграм откри дека започнала планирање на свадбата:

„Мислам дека сите сонуваме како ќе изгледа нашата свадба уште од најмала возраст и кога ќе дојде време навистина да ја планираме некако сме преоптоварени.

Имам милион работи да направам и немам идеја од каде да започнам, ќе имам планер на свадбата, но немам избрано фотки како инспирација. Дали и другите се вака под стрес кога станува збор за нивната свадба?“

На следната страна повеќе фотки од парот...



Би можело да ве интересира:

Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Македонката што се прослави во Австралија со 4-те деца и сопругот позираше во раскошниот дом: „Слави... Снежана Маркоски Вуд живее во луксуз во Австралија. Сега, таа покажа како е наки...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Го посети родното Буково, ја однесе ќерката на гробот на баба ѝ – Ирена, која освои ерген во австрал... „Живот на село... Ги истражувам моите корени со мојата малечка ќерка. Тука живее...
Браво! Македонецот Бојан Илиевски победи во „Ѕвездите на Гранд“ - падна на колена и се расплака Македонија повторно покажа дека има неверојатни таленти за музика. Бојан Ил...

Најчитани неделава