Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Миа Костова со искрени фотки во долна облека - на двете има по 69kg: „Бев дебела, тромава, со милион дијагнози на кичма“

„Врвот на тоа да се гадам од себе беше летово во Дерми и имам фотографии кои уште не сум подготвена да ви ги покажам, ќе ги видите кога ќе дојде време. Тренингот на 19 септември го закажав во јули...“, раскажува Миа Костова со фотките од трансформацијата.

mia-kostova-so-iskreni-fotki-vo-dolna-obleka-na-dvete-ima-po-69kg-bev-debela-tromava-so-milion-dijagnozi-na-kichma-01.jpg

Миа Костова по многу намалена физичка активност во периодот на корона карантините, но и уживање во вкусна храна, откри дека качила килограми, но и дека веќе речиси еден месец интензивно прави тренинзи за да се врати во форма.

Таа е искрена за сè, па така и овојпат искрено прикажа како изгледала пред, а како по тренинзите и дека иако визуелната трансформација е многу впечатлива, таа на двете фотографии има по 69 килограми.

mia-kostova-so-iskreni-fotki-vo-dolna-obleka-na-dvete-ima-po-69kg-bev-debela-tromava-so-milion-dijagnozi-na-kichma-03.jpg

Водителката и инфлуенсерка открива и дека е висока 168 сантиметри.

Миа вели дека со интензивните тренинзи, поточно 23 тренинзи за еден месец, нешто што инаку се прави најчесто во два месеци, плус со внимавање на исхраната успеала да постигне вака драстичен резултат за толку кратко време.

View this post on Instagram

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Миа на Инстаграм Стори на прашања од следбеници, откри неколку детали за процесот на трансформација:

„Секое откажување и секое излегување од комфор зоната е пекол. Имало периоди и кога сум имала и 53 килограми, но и тоа било нездраво и со мускулна маса нула. Нема ништо лесно. Но, бенефитите, освен задоволството во огледало, се и непрекинат сон и намалени психички проблеми.

Врвот на тоа да се гадам од себе беше летово во Дерми и имам фотографии кои уште не сум подготвена да ви ги покажам, ќе ги видите кога ќе дојде време.

Тренингот на 19 септември го закажав во јули. Два месеци психички се спремав за она што сакам да го направам за себе. За својата глава пред сè, телото ми беше второстепено, иако голем дел од лошото расположение ми беше од формата на телото. Дебела, тромава, без енергија, со милион дијагнози на кичма.

Сега, внимавам на исхрана, вежбам еден час тренинг, плус половина час кардио, што значи час и половина вкупно.

Тренинзите одлично ми влијаат и на психата и психички не сум била подобро од 2014 година.

Сакам вежбањето да ми стане дел од животот, да се нервирам кога немам вежбано, да не престанам никогаш, да ми е здрав умот и да се чувствувам добро.“

Уште неколку одговори на Инстаграм Стори од Миа:

mia-kostova-so-iskreni-fotki-vo-dolna-obleka-na-dvete-ima-po-69kg-bev-debela-tromava-so-milion-dijagnozi-na-kichma-12.jpg

mia-kostova-so-iskreni-fotki-vo-dolna-obleka-na-dvete-ima-po-69kg-bev-debela-tromava-so-milion-dijagnozi-na-kichma-06.jpg

mia-kostova-so-iskreni-fotki-vo-dolna-obleka-na-dvete-ima-po-69kg-bev-debela-tromava-so-milion-dijagnozi-na-kichma-14.jpg

mia-kostova-so-iskreni-fotki-vo-dolna-obleka-na-dvete-ima-po-69kg-bev-debela-tromava-so-milion-dijagnozi-na-kichma-15.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg