Омаж на маестро Александар Џамбазов: Моќна изведба на македонските ѕвезди на незаборавниот концерт (видео)

„Епа, татко Игор Џамбазов благодарам на поканата што ја имав таа чест да отпеам една од маестралните песни на маестро Александар Џамбазов“ – со овие зборови Антониа Гиговска се заблагодари за можноста да учествува на незаборавниот концерт. Кои други македонски ѕвезди настапија?

omazh-na-maestro-aleksandar-djambazov-antonija-gigovska-so-mokjna-izvedba-na-ohrid-i-jas-video-01.jpg

Познатите македонски ѕвезди настапија на концертот „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, што се одржа во четвртокот (03.11.). На концерот настапија Антонија Гиговска, Александар Тарабунов Тара, Никола Перевски – Пере и Наде Талевска.

Концертот, кој беше со хуманитарен карактер, е посветен на големиот македонски композитор кој почина во јануари годинава.

Концертот се одржа под диригентската палка на Џијан Емин, а публиката имаше можност да  проследи дела од симфонискиот опус на Џамбазов – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано.

Антониа Гиговска ја изведе песната „Охрид и јас“, Александар Тарабунов ја испеа „Љубов неверна“, Никола Перевски Пере „Само ти“ и Наде Талевска ја испеа песната „Довидување“.

Проследете во продолжение некои од нивните изведби:

Кликнете на стрелките во објавата за да ја погледнете и изведбата на Антонија:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар од Кавадарци ја запроси саканата во Барселона – на тераса со многу рози, свеќи и поглед к... „Запросувањето го смислив сам, имав договорено со екипа од Барселона за украсува...
Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“ Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во...
Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се дец... Нашиот најдобар пливач на сите времиња, долго време живееше во Словенија со петт...
Александар Динев: „Мајка ме застана на улица, посака да ја изненадам ќерка ѝ за роденден, ме обожава... Александар Динев и Евче ѝ го стопија срцето на малата Ева и на нејзината самохра...

Најчитани неделава