Сефер Цаноски: „Маја Миа ми беше школска другарка, вчера ми јавија дека имала несреќен случај“

sefer-canoski-maja-mia-mi-beshe-shkolska-drugarka-vchera-mi-javija-deka-imala-nesrekjen-sluchaj-01.jpg

Сефер Цаноски се огласи на својот Фејсбук профил по смртта на македонската инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа, за која тој вели дека била вистински амбасадор на нашата држава.

sefer-canoski-maja-mia-mi-beshe-shkolska-drugarka-vchera-mi-javija-deka-imala-nesrekjen-sluchaj-02.jpg

Неговата објава во целост:

Ние имаме свои планови, но господ има негови. Од него сме создадени и кај него сите ќе одиме.

Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да воспостават дипломатски односи.

Ја немав видено повеќе од 20 години од средношколските денови и минатата година во Дебар мало некој ми вика “кај си школски ? Гледам познато лице. Море школски Маја ме заборај ? 20 години сум Африка, останав ама не старееме, гледам дека си и ти добар , уба генерација сме не се даваме… Ај да и помогнеме на државава да се признајт да напрајме нешто...

Од секогаш беше добричина, уникатна и своја. Ја имаше истата енергија со еден куп планови и беше полна со живот.

Ми кажа дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на афричкиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена. Во тоа се уверив и сам во моето патување во Африка кога организираше средби со неколку земји и со цел државен врв во Преториа на Јужна Африка. Беше многу почитувана таму. А само 3 дена подоцна Ј. Африка испрати писмо до МНР на МКД дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желба и беше во Ј. Африка да има македонска амбасада.

Вчера министерката на претседателот на Јужна Африка ми се јави со шокантна вест и ме извести дека во петокот сабајле Маја го загубила животот во несреќен случај.

Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека со нејзиниот вереник од Јужна Африка се слушнале за трагедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки и ќе биде достоинствено погребана во својот Охрид.

Не можам да поверувам дека пишувам за оваа голема трагедија.

А имаше толку многу планови…
Сочувство до семејството и бог да ја прости.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...

Најчитани неделава