Александра Шијакоска во впечатливо модно издание при подигнување на наградата „Инфлуенсер на годината“ (фото)

Во едно од највпечатливите нејзини модни изданија досега Александра Шијакоска ја подигна наградата и порача „Не би ја прифатила наградата без да кажам дека многу ми е жал што на нашиот простор не се цени зборот инфлуенсер...Во мојот Инстаграм свет секогаш се ставало фокус на давање на тие што имаат помалку, почитување на постарите, на корените, на семејството, на пријателите, на тоа дека не мора да имаш сè за да успееш во тоа што си го замислил.“

aleksndra-shijakoska-vo-vpechatlivo-modno-izdanie-pri-podignuvanje-na-nagradata-influenser-na-godinata-foto-aaa-01.jpg

Вчера (14.12) во енергична и мотивирачка атмосфера со многу позитивна енергија во „Музејот на македонската борба“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2022”, во рамки на конференцијата „Жени претприемачки“.

Меѓу наградените беше и Александра Шијакоска, која одржа емотивен говор, во кој го спомена и партнерот Едмонд.

aleksndra-shijakoska-vo-vpechatlivo-modno-izdanie-pri-podignuvanje-na-nagradata-influenser-na-godinata-foto-aaa-04.jpg

За подигнувањето на наградата таа беше во впечатливо модно издание со корсет со перје, панталони ѕвонарки, ракавици и впечатливи модни детали во косата.

aleksndra-shijakoska-vo-vpechatlivo-modno-izdanie-pri-podignuvanje-na-nagradata-influenser-na-godinata-foto-aaa-05.jpg

На својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од настанот и напиша:

„Ми беше доделена награда „инфлуенсер на годината” од страна на „Жени претприемачки”. Не би ја прифатила наградата без да кажам дека многу ми е жал што на нашиот простор не се цени зборот инфлуенсер.

aleksndra-shijakoska-vo-vpechatlivo-modno-izdanie-pri-podignuvanje-na-nagradata-influenser-na-godinata-foto-aaa-02.jpg

За популацијата која сѐ уште не го разбира терминот „инфлуенсер” и го користи за потсмев имам да кажам нешто, може не знам да пеам, да свирам на некој инструмент, да цртам, може не сум најкултурна и еминентна личност покажана во општеството и културата, можеби моите родители не можеле да ми купат некоја титула за да бидам „некој и нешто”, но и јас сум човек.

Вистински инфлуенсер живее за да пренесe вистински вредности на публиката која го следи.

aleksndra-shijakoska-vo-vpechatlivo-modno-izdanie-pri-podignuvanje-na-nagradata-influenser-na-godinata-foto-aaa-06.jpg

Во мојот Инстаграм свет секогаш се ставало фокус на давање на тие што имаат помалку, почитување на постарите, на корените, на семејството, на пријателите, на тоа дека не мора да имаш сè за да успееш во тоа што си го замислил, на тоа дека сите луѓе се исти без разлика на боја на кожа, раса и националност, на тоа дека и кога ви е најтешко ако размислите секогаш има некој што му е уште потешко од вас.

aleksndra-shijakoska-vo-vpechatlivo-modno-izdanie-pri-podignuvanje-na-nagradata-influenser-na-godinata-foto-aaa-03.jpg

Јас бев на раб да го загубам својот живот и во ниеден момент не бев лута и огорчена, ниеднаш не пуштив солза пред пријателите, не сакав никој освен мене да е повреден.

Мене единствената цел ми е да ги пренесам овие вредности на помладите кои ме следат. Е тоа, драги мои е ИНФЛУЕНСЕР. Ви благодарам.“

Прочитајте и Александра Шијакоска со емотивен говор: „Едмонд наградава е за тебе затоа што 10 месеци од животот помина со мене во болница“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Импресивен настап на Дац и Александар на Златна Бубамара ’24 – Заслужено добија награда за „Дуо на г... „Ова дуо ќе продолжи да носи љубов насекаде со нашиот познат љубовен пасош“, вел...
Маријана и Росана слават роденден, едната во Македонија, другата во Австралија: „Ах, да можам да те ... „Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, моја...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Позитива на денот: Дизајнерката Ирина Тошева спаси бувче што го нападнале врани во „Жена парк“ - го ... „Поминав 13 часа со ова бувче, по спасувањето утрото од клуновите на враните во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg