Марта Димоска, по мисијата на НАСА, позира во смел аутфит среде снежна бура во САД: „Ми летна шапката, како во филмовите“

Македонката Марта Димоска позира како секси Баба Мразица среде снежна бура во САД. „Прекрасно изгледаш, се надевам дека успеа да ја најдеш шапката“ – стои во еден од коментарите до видеото што таа го објави на Инстаграм.

makedonka-vo-provokativen-autfit-pozira-srede-snezhno-nevreme-vo-sad-shapkata-mi-letna-kako-vo-starite-filmovi-01.jpg

Првата жена аналоген астронаут од Балканот Марта Димовска, за време на божиќните празници престојуваше во Охајо, еден од градовите што беше погоден од силната снежна бура што го зафати САД.

makedonka-vo-provokativen-autfit-pozira-srede-snezhno-nevreme-vo-sad-shapkata-mi-letna-kako-vo-starite-filmovi-03.jpg

Марта на својот Инстаграм профил објави видео во кое позира во смел аутфит како секси Баба Мразица, облечена во црвен фустан со смело деколте, црвени чизми и смела шапка.

„Во Охајо има толку силна бура, што шапката ми летна на крајот, исто како во старите филмови“ – вели таа во описот на видеото.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Astro sMarta (@astro_smarta)

Марта во Инстаграм Стори појаснува дека овој фустан го носела 3 или 4 години наназад, а доби голем број позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Инаку, таа е првата жена, не само од Македонија, туку и од Балканот, која станала аналоген астронаут, односно личност која учествува во симулации за вселенски мисии. Марта беше дел од симулација на мисија на Марс која е финансирана од НАСА.

Таа неодамна даде опширно интервју за CRNOBELO.com, каде освен што говореше повеќе за својата мисија, се осврна и на нејзината кариера како алтернативен модел, па рече:

„Секако, низ моите студии, морав да најдам начин да се издржувам сама, а мојата креативност ме доведе до креирање на едиторијали за светски брендови како модел, каде што исплатата беше на светско ниво и колегијалноста со светски стандарди.

Никој не го потценуваше мојот труд во такви светски рамки и видов дека креативната страна може да биде и добро платена, па така, меѓу моите испитни сесии, работев.

Моите облини и мојот изглед беа прифатени, и немав никаков притисок да носам XS или да слабеам за да се вклопам“.

Прочитајте повеќе: Мартина Димовска е првиот македонски аналоген астронаут: „Оделото тежи околу 35 kg, потребни се 30 минути за да се облечеш“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава