Александра Шијакоска со потресни видеа од болница, но и мигови на триумф испраќа силна порака на крајот од 2022

Таа е нашиот херој од реалноста! Девојка која зборува отворено за најтешките мигови и сака да им биде утеха и на другите кои минуваат низ тоа. Сподели видеа од болница на кои едвај станува од кревет и едвај оди, но се издигнува како феникс.

aleksandra-shijakoska-so-potresni-videa-od-bolnica-no-i-triumfot-stava-kraj-na-2022-01.jpg

Александра Шијакоска зад себе ја има најтешката, но и најубавата година.

Година во која мина тешки болнички денови поради операции на тумор на мозокот, но и година која ја заврши на нозе, здрава и посреќна од кога било, со саканиот Едмонд до себе, но и со низа награди и признанија.

aleksandra-shijakoska-so-potresni-videa-od-bolnica-no-i-triumfot-stava-kraj-na-2022-02.jpg

На нејзиниот Инстаграм профил сподели видео со тешките потресни мигови од болница, но и видео кое завршува со насмевки и триумф во оваа тешка животна битка.

Нејзината објава:

„Споделувањето на тоа како се чувствувате длабоко во себе не е покажување слабост, не е ни лигавење, кукање или барање да ве сожалуваат, напротив потребно е храброст и сила за да го извадите тоа од себе и да го споделите со други луѓе.

Колку повеќе го разговарате тоа со други луѓе толку побрзо сфаќате дека поминало.

aleksandra-shijakoska-so-potresni-videa-od-bolnica-no-i-triumfot-stava-kraj-na-2022-03.jpg

Секојдневно добивам пораки од луѓе кои се соочуваат со истото или слично, па ова го правам за нив.

Јас немав некој близок пример за да ми даде надеж дека сè ќе биде во ред еден ден, па јас сметам дека со причина ми била доделена оваа улога во животот. Да бидам тука за сите кои се соочуваат со нешто слично и да знаат дека еден ден сѐ ќе биде во ред.

Можеби не денес, можеби не утре и можеби не наредниот месец, но само едно е вистина еден ден ќе бидете шампиони.

Благодарна, жива и никогаш посреќна.“

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Veseli Shijakoska (@aleksandrashijakoska)

Нејзината најтешка, но и најубава година:

Видеото кое на Шијакоска ѝ било најголема инспирација во тешкиот период:

aleksandra-shijakoska-so-potresni-videa-od-bolnica-no-i-triumfot-stava-kraj-na-2022-03.jpg

aleksandra-shijakoska-so-potresni-videa-od-bolnica-no-i-triumfot-stava-kraj-na-2022-04.jpg

Прочитајте и Александра Шијакоска за CRNOBELO.com: „Кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се исплакав, сила најдов во луѓето кои ме сакаат“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска се венча со саканиот по 12 години врска, на денот на неговиот роденден Александра Шијакоска заблеска во елегантна бела венчаница на венчавката со сакан...
Александра Шијакоска шик за 31-от роденден: Бисери, корсет и животински принт за забавата во Битола Алејсандра Шијакоска вчеравечер направи роденденска забава, а се дотера во текса...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, ... „Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувству...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg