Сопругата на Борко Ристовски направи трудничка фотосесија, откако со маскоти открија дека чекаат ќерка
- Детали
- четврток, 12 јануари 2023
Борко брои ситно до породувањето на неговата сопруга, откако откри дека очекува „татина принцеза“, а неговата сопруга деновиве направи трудничка фотосесија со синот Душан до неа.

Борко Ристовски го очекува второто дете со својата сопруга Николина, а убавата вест таа ја објави со фотографија од плажа летото на која се гледаше нејзиното трудничко стомаче, а во чиј опис напиша „Мајка на 2“, додека одзади ја прегрнува синот Душан.
Потоа, во септември, парот направи забава за откривање на полот на бебето во ресторан , со помош на маскоти и откако се фотографираа со розовата маскота открија дека чекаат ќерка.

По празничното патување, тие се вратија во својот дом и открија дека за Бадник паричката паднала кај нивниот син Душан.
Борко на својот Инстаграм профил се пошегува дека постапката била комплетно нетранспарентна.
Деновиве Нина направи трудничка фотосесија со нејзиниот син Душан крај неа:
Повеќе фотографии од семејството на Борко:
С. С. | Црнобело