Нова книга поезија и награда за македонскиот поет и доктор Александар Саша Трајковски

Излезе од печат новата збирка поезија „Балканско Хаику - Харакири” на македонскиот поет и лекар Александар С. Трајковски, во издание на Здружението за книжевен развој „Нов Вавилон” од Битола.

nova-kniga-poezija-i-nagrada-za-makedonskiot-poet-i-doktor-aleksandar-sasha-trajkovski-01.jpg

Книгата е пишувана во стилот на јапонската поезија Хаику, но со балкански шмек, опишувајќи го менталитетот што секојдневно нè опкружува, со сите негови маани, преку досетки и шеги, на начин карактеристичен за авторот.

Рецензијата на книгата ја направи м-р Никола Илијовски, кој воедно е главен уредник на оваа издавачко здружение и член на македонското друштво на писатели.

Промоцијата е планирана да се одржи во текот на месец март 2023 година.

На крајот да напоменеме дека д-р Александар С. Трајковски е добитник на прва награда за најдобра поетска творба на Меѓународниот литературен фестивал „Божиќна литература 2022” во организација на писателката Милица Паулус.

nova-kniga-poezija-i-nagrada-za-makedonskiot-poet-i-doktor-aleksandar-sasha-trajkovski-04.jpg

Авторот е дипломиран м-р. доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА, член на Клубот на писатели „КОСТА СОЛЕВ РАЦИН” - Велес и Здружението на преведувачи и толчкувачи (ЗПРМ).

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се дец... Нашиот најдобар пливач на сите времиња, долго време живееше во Словенија со петт...
Александар Динев: „Мајка ме застана на улица, посака да ја изненадам ќерка ѝ за роденден, ме обожава... Александар Динев и Евче ѝ го стопија срцето на малата Ева и на нејзината самохра...

Најчитани неделава