Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-09-2023


Борко Ристовски за татковството: „Маж што никогаш не сменил пелена на детето или не му спремил млеко - ја нема мојата почит“

„Маж кој никогаш не сменил пелена, не направил млеко за своето чедо, едноставно не се грижел за своите деца, од мене тој маж не добива почит. Едноставно, самата љубов кон децата ве тера да сакате да ги правите тие работи. Е сега, колку добро ги менувате пелените е сосема друго прашање“, вели за CRNOBELO.com голманот на „Вардар“, Борко Ристовски и првпат во интервју зборува искрено за татковството.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-01.jpg

Ракометниот голман Борко Ристовски неодамна го доби второто дете. Тој и неговата сопруга Нина ја добија ќерката Анастасија, која се роди скоро пет години по раѓањето на нивното прво дете, синот Душан.

Со две мали деца дома, момче и девојче, Борко вели дека му е забавно, иако им се случува хаос.

И покрај тоа, не му е тешко да ѝ помогне на сопругата околу воспитувањето и одгледувањето на децата. Со Душан често оди во парк, на Водно, го води во кино, но знае да смени и пелена ако треба.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-017.jpg

Прочитајте што открива Борко Ристовски за татковството, во интервју за CRNOBELO.com...

Се сеќаваш ли на моментот кога првпат ги виде децата по нивното раѓање? Какво беше чувството?

Како би можел да не се сеќавам на најубавиот момент во мојот живот? Иако морам да признаам дека кога се роди Душан, при нашата прва средба бев малку збунет.

Едноставно, тоа сè беше ново за мене и одеднаш во рацете држите бебе кое несвесно ви го менува животот од корен.

Меѓутоа, од друга страна, тоа е чувство кое не може да се опише. Повеќе не сте вие најважниот човек на светот, туку тоа се вашите деца.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-13.jpg

Се смени ли тоа чувство низ годините? Дали и за тебе важи она дека љубовта на таткото расте од ден на ден? 

Чувството не може и нема никогаш да се промени. Меѓутоа љубовта од ден на ден се зголемува и секој нов ден е нова приказна со нив двајца, нови спомени, ново делење на заедничките моменти кои се најважното нешто во животот.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-15.jpg

Колку ѝ помагаш на Нина во обврските со децата, да се избањаат, преоблечат? Си менувал ли некогаш пелени? Си станувал ли ноќе за да ги заспиеш, нахраниш?

Морам да признаам дека Нина е таа која што ги има поголемиот дел од обврските околу Анастасија, па и Душан кога беше бебе. Но, маж кој никогаш не сменил пелена, не направил млеко за своето чедо, едноставно не се грижел за своите деца, од мене тој маж не добива почит.

Едноставно, самата љубов кон децата ве тера да сакате да ги правите тие работи. Е сега, колку добро ги менувате пелените е сосема друго прашање.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-014.jpg

Како е сега дома со две мали деца?

Уффф, сега по дома е доста интересно и секогаш има гужва. Јас тоа го нарекувам контролиран хаос.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-02.jpg

Како сакаш да го минуваш времето со Душан? Си го носел ли некогаш сам во парк, во зоолошка, па дури и во кафуле на сокче?

Обврските околу Душан и пред да се роди Анастасија ни беа поделени со Нина. Јас најчесто го носам во градинка, јас сум тој што го зема од градинка, многу често одиме заедно во парк, кино...

Попладневниот дел од денот е посветен за Душан и се трудиме секогаш да биде со некаква активност надвор во природа. Многу често знаеме да отидеме на Водно. Меѓутоа се трудиме што повеќе да бидеме заедно.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-05.jpg

Колку е всушност голем предизвикот да се биде добар татко?

Во денешно време и во овој хаос во кој живееме е сè потешко да се остане нормален, а камо ли добар татко.

На темава морам да признаам дека сум доста осетлив и е сензитивна за мене од причина што сум поборник меѓу децата и родителите навистина да постои некоја посебна конекција. Однос којшто мора да се гради уште од мали години.

Јас се трудам со Душан да градам однос на меѓусебна доверба.

Сакам уште од мал да го има тоа чувство дека јас, односно ние, сме и ќе бидеме секогаш тука за него.

Така што, моето мислење на темава е и порака до сите родители: поминувајте повеќе време со вашите деца, трудете се навистина да разговарате со нив, иако можеби имаат 3, 4, 5 години.

Оставете го давањето мобилни телефони за да купите мир за себе, затоа што децата единствено го сакаат вашето внимание.

borko-ristovski-za-tatkovstvoto-mazh-shto-nikogash-ne-smenil-pelena-na-deteto-ili-ne-mu-spremil-mleko-ja-nema-mojata-pochit-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Колку се високи македонските џебни Венери? Од Ноне Неделковска до Јелена Јованова и Викторија Лоба – кои македонски дами не...
Македонка е хит на Инстаграм со пародии: „Не сакам да работам, потребен ми е богат дечко – имам терм... „Јас не сакам дечко што ќе ми испраќа подароци на работа – јас не сакам работа. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg