Александар Тарабунов ѝ честиташе лиценца за адвокат на неговата партнерка Калина Поленак, Aнтониа Гиговска и Роберт Спасенцовски уживаат сами на викенд во Копаоник, пливаат и вежбаат, а Антониа вели: „Ќе го стигнам ли?“, Аделина Тахири прослави Бајрам со сопругот и синот...
„Не мислите дека е прерано за Јован или кој било да дава интервјуа и да прераскажува како живи му гореле другарите, да споделува детали, а видеото да е достапно и за родителите на деца кои се баш оние кои викале и денес не им се дома...“, пишува Миа Костова.
Освен што се популарни, делат и иста ДНК. Ова се најпознатите брат + сестра на нашата јавна сцена.
„Ја држев сопругата за рака, но настана стампедо, а јас се онесвестив од јаглеродниот моноксид. Некако се разбуди и некако успеав да излезам, па почнавме да извлекуваме други. Многу беа заглавени, пружаа рака, некој можеше да се извлече, некој не...“ – вели Бојан, кој е еден од првите кој на социјалните мрежи повикувал помош уште истата вечер за време на пожарот.
По љубовната врска со Игор Џамбазов, Илина Арсова одлучи да се пресели во САД, каде се запиша на докторски студии. Сега, ја реализираше својата цел и стана доктор на науки. Илина Арсова е синоним за планинарски успеси и е доказ дека жените можат сè, само треба доволно силно да сакаат. Браво!
Летното сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од март, а трае до последниот викенд од октомври, кога часовникот повторно се поместува еден час наназад.
„Тоа е... Со автомобил на кеј. Страшно! Не е можно – дали е сериозен? Леле, тргна надолу... Ќе се превртиш човеку! Сине, ќе бидеш кошаркар и ќе бегаш подалеку од ваков идиотизам!“, коментира изреволтирано Едина Муса на Инстаграм.
„Пожарната уште не беше пристигната, некои луѓе веќе помагаа, како обезбедувањето... Сликата беше страшна и луѓето изгледаа... не знам како да опишам, нема зборови со кои може да се опише тоа“, споделува Филип Илијев и испраќа апел на луѓето кој го преживеале тој хорор да не им се зборува постојано за кобната ноќ.
За родителите кои го загубија второто свое дете откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката. За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје... За вистинските херои од Кочани - нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува.
„До сите кои сè уште се борат за живот, мислам на вас и ви посакувам сила додека се борите“, вели Петар Маркоски и трогнува со изведба од песна на ДНК.
„Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на закрепнување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат“, напиша Дарко Стојанов.
„Една годинка со тебе. Моето срце е засекогаш твое. Среќен роденден Ниа“ - напиша Иван Јованов и сподели слатка фотка со ќерка си.
Мартина (Димовска) Парапулова во 2015 година стапи со 20 години постариот Антонио, и покрај противењето на нејзиното семејство. Парот доби ќеркичка, но, за жал, Антонио почина во 2018 година. „Едниот ангел ми е на небото, другиот покрај мене...“, ja започнува Мартина својата емoтивна исповед.
„Со синот на Панчо сме родени на ист ден. Имам дури и една слика како сме потпрени на шанк на стомакот на Маја, направена е кај мене дома на прославата на мојот роденден и после неколку часа се роди Андреј“ - раскажува починатиот пејач во интервјуто што го сподели Лила.
Ве информираме дека денес Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.
„Календарот вели денес е светски ден за подигање свест за церебрална парализа...Да живееш со церебрална парализа е борба за да се исправиш, кренеш рака, свиткаш нога, досегнеш нешто, борба за секој чекор.... Секое достигнување да јадеш, да се облечеш и слично е како олимписка дисциплина“, вели Искра Донева.
„Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име“, пишува министерот за здравство Арбен Таравари.
„Ова не е само боја - ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти“ - Иџе обои во црно дел од своето тркачко возило во чест на жртвите од Кочани.