„Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се битни. Не си битна ако некој те финансира и не можеш во очите на мажот никогаш да ја добиеш почитта, како жената која самата работи. Кога имаш свои пари, никој не може ништо да ти каже“, рече Кристина Димитри и го навлече гневот на многу жени.
Откако признаа дека се во врска, Роберт Билбилов и Лејла Рамковски не ја кријат љубовта и често објавуваат заеднички фотки и видеа, а сега покажаа како се забавуваат во Ница, каде што на 26.11 ќе се одржува Јуниор Евросонг - Роберт е еден од авторите на македонската песната.
Пејачот Давид Темелков ужива на Бали, каде што пред неколку дена пристигна и Лила, а Јелена Спенџарска првпат е во Дубаи, па вели: „Конечно сум тука“. Кои познати Македонци го заменија дождливото и студено време во ноември со егзотични дестинации и плажа?
Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. На денешен ден именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...
„Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувствував уште на прво слушање беше клучно дека ќе ја снимам и промовирам. Знаев дека е моја“, вели Антониа Гиговска за CRNOBELO.com и откри детали за песната на српски јазик и спотот што ги објави денес, 20-ти ноември.
Мики Секуловски, велешанецот кој се прослави со „Македонски идол“ во 2011 година, сега важи за еден од фаворитите за победа во „Ѕвездите на Гранд“ - ги воодушеви членовите на жирито, а Цеца излезе боса на сцена за да го изгушка.
Пејачот Ламбе Алабаковски и неговиот помал син Михаил славеа роденден на ист ден - 15 ноември. Роденден на синот Павел прослави претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.
На 19-ти ноември православните христијани го слават празникот Свети Павел Исповедник, Цариградскиот патријарх, кој бил избран од народот. Именден слават Павле, Павел, Павлина...
„Кога ќе видите дека брзата помош се движи бавно, иако со вклучени сирени, тоа не значи дека возачот се шегува. Најверојатно превезува пациент со политраума...
„Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја сакаш“, напиша Лила и ја најави новата авантура со Биг Мама, овој пат во Азија.
„Дијагнозата за рак ти го менува целиот живот и гледаш во сите негативни ситуации да ја бараш светлата точка, онаа позитивната, и те прави многу појак психички“ – вели за CRNOBELO.com, Кристијан Станковски, попознат како Бомбакис...
Поранешниот Мистер на Македонија, Драган Стојчевски е роден во Тетово, а селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров е од Свети Николе. Знаете ли каде се родени некои од најубавите мажи во Македонија?
Македонија се простува од уште еден голем актер и човек. На 77-годишна возраст почина актерот Мето Јовановски, кој ќе остане запаметен по голем број култни телевизиски и филмски улоги.
„Нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, деновиве одбележа 49 години брак со својата сопруга. Како плод на љубовта се родија две деца, ќерката Сашенка и синот Гоце“, пишува на Фејсбук.
Младата Елена Божиновска, која веќе извесен период живее во Италија и е стипендист на италијанската влада и учи на магистерски студии, насока Бизнис менаџмент...
„Имав многу тивка, нежна, чувствителна мајка, но жена со големо срце, насмевка бесконечна, прегратка нежна да се стопиш во неа. Не ни бев свесен за нејзината големина“, напиша Џина Папас Џокси и го одбележа роденденот на својата почината мајка.
„Боже, колку си најубава“, коментираат следбениците на Миа Костова, која вчеравечер воодушеви со својот изглед во стилот на Мерилин Монро.
„Слушајте си го телото, верувајте им на сите знаци што ви ги праќа. Ако вели не, значи е не. Има една стара добра - ние планираме, Бог ни се смее. Јас планирав со години, а моите планови беа пресмешни. Сега не планирам ништо, само сакам да живеам“, вели Ксенија Николова, која неколку години јавно зборува за борбата со неплодноста.