Дизајнерот Златко Јовановски, го обожава трендот на носење влечки со чорапи, исто како и еден од најпознатите светски фудбалери, Дејвид Бекам.
Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој локал е претворен во вистинска есенска бајка.
Гостиварчанката Тамара Грујовска, која ќе ја претставува Македонија на Јуниор Евровизија 2023, ја промовираше „Кажи ми, кажи кој“, песната со која ќе настапи во Франција.
Таа веќе години наназад важи за едно од нашите најубави ТВ лица, а тој за нејзина најголема љубов и поддршка. Билјана Дебарлиева веќе години наназад е во хармоничен брак со саканиот Јован, а круна на љубовта им се двете деца, Ана и Мики.
„Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниманието ми го привлекуваше тезгата на чичко Драги. Кога ќе дојдеше сонцето до неа сите ланчиња светкаа. Пред некоја година тој имаше операција и повеќе не може да зборува. Се разбираме со ливчиња. Сега ме замоли да му помогнеме, што за него храна, што за кучињата или купете нешто од неговата тезга“, напиша Тина Алексовска.
Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја донираше за перики за дечиња болни од рак.
„Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека не ја гледав доволно, а толку многу нè бараше и мене и Андрија. Ама, некако живеев со идејата дека баба Љубица ќе биде вечно жива. Многу ме повреди нејзината смрт, до ден денес не сум ја надминала“, вели Миа Костова.
Мартија во текот на летото 2023 на Инстаграм стори објави фотка на која покажа дека е на летување со непознато момче, но тогаш не му го покажа ликот. Брзо потоа објави уште една фотографија, по што во јавноста почнаа коментарите дека мистериозното момче ѝ е дечко.
Aлександар Белов ѝ го прослави роденденот на сопругата Јелена, со ќеркичката во прегратка, Ламбе Алабаковски го посети родното Љубојно, Eлена Најдоски со сопругот ужива на романтично патување во Венеција, а Васил Гарванлиев беше на настан во Колорадо со сопругот...
„Секој 15-ти октомври е ист. Завршивме со снимање околу 23 часот. За неполни 7 часа те снема. Сакам да мислам на тебе зашто тогаш чувствувам дека си жив некаде, макар и во мојата глава. Тагата е љубов што не сакам да ја оставам. Тебе нема никогаш да те оставам. Те сакам, твоја Бејби“, напиша актерката Весна Петрушевска и со многу емоции се сети на последната средба со Тоше Проески.
Водителката Лила Филиповска наполни 52 години, а роденденот го прослави во стил, на патување во Венеција, еден од најромантичните градови во светот.
„Катарина носеше панталони во балска сала полна со тоалети и остави свој печат со овој вечерен костум од сатен во смарагдно зелена боја“, напиша дизајнерот Марков, кој ги објави фотките од впечатливата креација.
Елена и Бојан се забавуваа додека се шетаа низ уличките на Венеција, меѓу бројните канали и гондоли, но и надалеку познатите продавници за маски. Не изостана ни италијанските специјалитети и вино, па роденденот на Бојан го прославија во ресторан од 1931 година.
Роберт Спасенцовски ужива дома во прегратките на синот Киан, додека Антониа Гиговска интензивно работи на враќање во форма по породувањето, а тоа го покажа со кроп-топ маичка.
Со фотографија од денот на свадбата од 1997 година, Мики Црнокрак откри дека слави 26 години во брак со сопругата Светлана.
Јован Јованов, Антониа Гиговска, Јанг Дади, шминкерот Даниел Николовски и инфлуенсерката Марис Џолин се само дел од Македонците кои не му одолеаја на светскиот тренд и објавија фотки на кои покажаа како би изгледале во минатиот век.
„Знаете дека имам пасош од Вевчани, ама сега имам уште еден. Јас сум и официјално македонско девојче“, вели Кенијката Емакулате Вандера Блажеска, која облече носија и славеше што доби македонското државјанство.
„Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај. И да испишеме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“, напиша Ламбе Алабаковски и објави видео на кое пее со Врчак.