„Најубавото нешто што го видов денес“, „Беше и остана дама“, „Прекрасно“ - велат обожавателите на Данијела Мартиновиќ, откако пејачката објави емотивни фотографии од средбата со маж со Даунов синдром кој ѝ подари роза на концертот во Штип.
Актерката Ана Стојановска носеше здолниште и топ од дизајнерката Елена Лука, Миланка Рашиќ се појави во сино-тегет фустан, модниот креатор Андреј Папаз привлече внимание кај мажите. Каква беше модата на отворањето на „Браќа Манаки“ во Битола?
Tијана Дапчевиќ со синот Вук во елегантно издание - пораснат и вистинска копија на мајка си, Врчак со нови фотки од одморот, Лила Филиповска со емотивна роденденска честитка за роденденот на синот Филип, но и фотки од неговото детство, а пак Снежана Лупевска горда на Горјан Гого Славески, Македонецот кој стана светски шампион во борби без ракавици.
Иван Јованов, вокалистот од „Либеро Бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има нова љубов и чека принова. Со забава за откривање на полот Иван откри дека со саканата Ивана очекуваат ќерка.
„Вито го бањаме заедно, го живееме најубавиот период во животот, но како најголем предизвик можеби би го издвоиле неспиењето и грчевите, но сѐ поминува релативно брзо и лесно се навикнуваме на сите промени“, раскажува Андреа за CRNOBELO.com.
„Многу време требаше да се решам да направам концерт посветен на Дуле. Бев многу возбуден, но не се напив ни една чашка за да се опуштам - сакав да почувствувам сè и да се однесувам така како што ќе ми дојде во моментот. По некоја песна почнав да уживам со публиката“ - вели Коки Јанков за CRNOBELO.com.
„Се вративме на најубавите времиња во Скопје“ – стои во објавата до видеото на Дац и Александар кои заедно со Фиц од „Студени нозе“ направија незаборавна забава, а истовремено го прославија и 50-иот роденден на членот на легендарната македонска група.
Во кратка венчаница со транспарентни делови, бел долг вел и високи бели потпетици Моника Стефановска му кажа „да“ на својот сакан Илија, по професија тениски тренер.
„Во Македонска Каменица постојат само 4 лифта, по два во секоја 10-катница. Не знаете каква радост беше кога ќе се качиш во лифтот. Стравот беше голем, ама желбата да докажеш дека си храбар - посилна од сè. Лифтовите беа тест за храброст – со тој што се возел нема закачање, а тој што не влегол е плачко“, вели водителката Снеже Велков во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.
„Бебе Никола е нашиот јунак, вие сте нашите херои“ – им порача таткото на лекарите кои 65 дена пожртвувано се грижеа за неговиот син Никола кој 65 дена престојуваше на Одделението за интензивна нега и терапија, откако се роди во 27-ма гестациска недела со тежина од само 900 грама.
„Најлошо погодена земја во Европа е Македонија. Речиси две третини од луѓето во државата живеат во области каде што загадувањето е четирипати повисоко од границите на СЗО, додека четири области имаат шестпати поголемо загадување, вклучувајќи го главниот град Скопје“, пишуваат од The Guardian.
Облечена во бели панталони и палто, под кое се ѕиркаше бралетот од тантела, дополнето со бисери и салонки во златна боја, инфлуенсерката Александра Шијакоска блесна на настан во Загреб, каде што беше и хрватската водителка Николина Пишек.
Водителката Маја Поцевска, која важи за една од најатрактивните познати баби во Македонија, блесна на роденденот на внуката - подеднакво атрактивни беа и нејзината сестра Наташа Фигурела и нивната мајка, која уживаше на забавата за правнуката.
Во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, учениците и наставниците ги оставаат нивните мобилни телефони во специјални кутии додека траат часовите, со цел да се подобри...
Кул и емотивно! Новинарката Јана Јосифоска (34) од Кичево за CRNOBELO.com вели дека мајка ѝ отсекогаш имала револуционерен и безвременски стил, па таа со задоволство носи парчиња облека од неа.
„Што се однесува до нашето влегување на свадбата, ми пиша дури и пријател, кој организира свадби со години, да ми каже дека ваков „влез“ нема видено. Идејата беше на Ивана, таа го осмисли“, раскажува Миро Кацаров за CRNOBELO.com.
Ласкавото признание на Петар му беше врачено во Casino du Liban. Откако ја прими наградата, Петар настапи пред гостите и добитниците на останатите награди, па доби силен аплауз.
„Ако ви е здодевно во Монако, шетајте покрај јахтите. Богатите што шетаа ќе влезеа во своите јахти, а ние сиромашните ќе си купиме сладолед“, вели дизајнерот Златко Јовановски, кој веќе неколку дена ужива во Монте Карло.