„Споделувам со вас една недела по операцијата, само затоа што баш тие што споделиле исто или слично искуство, мене ми помогна да прифатам многу брзо. Мојот гостин е господин Хочкин или најблиску кажано - леукемија на лимфна жлезда...“, споделува Ивана (32) од Прилеп, која ја добила оваа дијагноза по породувањето со второто дете.
„Среќен роденден Јаков“, напиша Драган Спасов - Дац и објави две емотивни фотки од синот, на едната Јаков е мало детенце покрај татко си, а на втората ја држи во прегратка својата ќерка Гаиа.
„Поздрав од Џерба, мирно место со долги песочни плажи, идеална клима, луѓето кротки, некако сè е мирно, буквално да ти одмори главата. Сè ти е ново, интересно, камилите се посебна атракција, градбата на хотелите и целиот ентериер го одзема здивот. Имам многу добро чувство дека ќе станува сè подобро и поубаво“, вели Јелена Спенџарска која ужива во Тунис.
„Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво. Е сега за кратко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам и за нив. Да бидам искрена, како се ближи крајот, така стравот е поголем. Ама ние жените сме јаки, издржуваме сè“, напиша Антониа.
„Низ порази и победи, низ милости и немилости, еве нè, пред Бога рековме „да“! Беше тука и кога многумина би се откажале, но ти не, тука си...“ – пејачот Давид Темелков ги објави официјални фотографии од свадбата со хрватската водителка Елена Јунг и ѝ посвети емотивна објава.
„Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во денешно време“ се само дел од работите кои ни се добропознати, но на кои е добро да се потсетиме преку написите на картони на Бомбакис, дечкото кој инспирира и со јавното говорење за борбата со ракот.
„Отиде детето на полуматура. Среќно сине, те сакаат мама и тато“, напиша Тијана Дапчевиќ на Инстаграм и објави неколку фотографии со синот Вук кој заврши осмо одделение.
„Песната 'Оган да го гори' ми е една од омилените уште од детството. Отсекогаш сум имал патриотски чувства кон Македонија и секој треба да е горд и да ја сака сопствената земја како што го сака домот свој. И тоа не е погрешно чувство“, вели Ламбе Алабаковски за CRNOBELO.com.
„Одлуката да се венчаме на денот на 10-годишнината од заедничкиот живот со Михаил ја донесовме спонтано. Сакавме да направиме интимна прослава со нашите најблиски и токму таква прослава ни се случи, каква што и замислувавме“, вели убавата презентерка Татјана Стојановска за CRNOBELO.com, откако на 10 јуни 2023 се омажи со саканиот Михаил.
„Феноменот 'Ел Нињо' ќе донесе многу влажно и нестабилно време, со многу временски непогоди. Топлотните бранови ќе бидат пократки ова лето, но сепак нормално дека ќе ги има...
Сопругот на пејачката Антониа Гиговска повторно се појавува со шминка како Џокер во новиот музички спот, но овојпат во делови од видеото е и без маска. Неговата сакана Антониа деновиве влегува во 9-иот месец од бременоста.
Се држат за раце, позираат пред пијано, фотографија од првиот свадбен танц – Презентерката Татјана Стојановска ги објави првите фотографии од свадбата со Михаил Китановски.
„Му благодарам на Бога“ – напиша Панче Димитриев до првата фотографија од неговите новороденчиња. Докторот со македонско потекло, кој долги години наназад живее и работи во Бугарија, и е познат по ексцентричниот моден стил, сега се пофали дека станал татко на близнаци.
„Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша Пере од „Нокаут“ на Инстаграм и откри дека добил четврта ќерка.
„Го дадовме, ја земавме“ - напиша Стефан Филиповски, до првата официјална фотографија од неговиот брат Мартин, кој стапи во брак со ракометарката Андреа Белеска.
Тони Михајловски и сопругата вљубени на настан, Перо Антиќ на свадба во Скопје каде пееја Аца Лукас, Ацо Пејовиќ и Цеца, Татјана Стојановска блесна на својата свадба, нашминкана од магичните раце на Дадар, таа му кажа „да“ на саканиот Михаил Китановски, 10 години откако ја запроси, Елена Најдоски на одмор во луксузен ресорт во Грција со сопругот...
Нашиот пејач Давид Темелков стапи во брак со својата свршеница, хрватската водителка Елена Јунг. На свадбата тој ѝ пееше на микрофон на својата сакана, а по црковсната церемонија младенците пуштија бели гулаби.
„Минатата година не можев да присуствувам на настанот, но оваа година со задоволство ја прифатив поканата“ – напиша до фотографиите од настанот нашата инфлуенсерка, Александра Шијакоска. Убавата битолчанка гордо позираше заедно со нејзиниот свршеник Едмонд.