Ни донесе сребро вредно како злато. Повеќе граѓани се собраа да ја пречекаат македонската гордост Дејан Георгиевски кој по 21 година ѝ донесе олимписки медал на Македонија.
Во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на КОВИД-19.
На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на Дејан Георгиевски.
Со завршување на третата фаза од реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари и поставувањето на атмосферската канализација ќе се овозможи жителите на оваа општина да ги почувствуваат бенефитите на урбаното живеење.
Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, Град Скопје апелира до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.
Во текот на изминатата недела (22.07-28.07.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 19 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 148 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Со какво темпо ќе ви се одвиваат работите во секојдневието? Кој ќе граби на работа, а кој ќе биде загрижен за текот на работите во љубовта?
Македонија е неисцрпна ризница на приказни, легенди и преданија, за јунаци и херои, за убавите моми, за природните богатства на нашата мала земја, за цареви и војници … легенди кои се стари, тешки за верување, но сепак се наши, македонски, исконски, сведочат за дамнешни времиња, па вреди да се слушнат повторно и повторно, да се раскажат за идните поколенија.
Во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на КОВИД-19:
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план:
Тој не споделува многу фотки од приватноста, но сопругата Валентина и синот Јасен му се најголемата инспирација во животот.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сопственикот на Блу Скај инвесмент (Blue sky investments), Слободан Крстевски и Самоил Симев, поранешниот директор на ФК Вардар, денеска одржаа прес-конференција за преземањето на фудбалскиот клуб Вардар од компанијата Блу Скај.
„Бев пчелар на еден час, пробав највкусна храна и сфатив зошто Дихово со години од страна на разни светски магазини се прогласува како тајна локација со најдобра храна“, раскажува Јована Квржиќ од Србија, која со години веќе патува и носи најубави приказни од сите краишта на светот.
Романтична вечера и прошетки низ старата чаршија... Нашата пејачка Каролина Гочева летово одлучи заедно со сопругот Михаил Корубин одморот да го помине во Грција, односно на островот Крф.
Во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19:
Градоначалникот Шилегов денеска одржа прес- конференција на улицата Васко Карангелески каде што почнаа градежните работи за негова реконструкција и изградба на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски –Мрме под чие водство националниот дрес за прв пат заигра на Европското првенство 2021, ја поддржа националната кампања за вакцинација.
Браво за природноста на Сара Мејс, која навистина ни е вистинско освежување во време кога сè е вештачко, фотошопирано и со филтри на Инстаграм, а пофалби ѝ даде и диригентката Бисера Чадловска.