Следете во живо - Пречек на македонската гордост Дејан Георгиевски од Олимписките игри

Ни донесе сребро вредно како злато. Повеќе граѓани се собраа да ја пречекаат македонската гордост Дејан Георгиевски кој по 21 година ѝ донесе олимписки медал на Македонија.

Sledete-vo-zivo-Prechek-na-makedonskata-gordost-Dejan-Georgievski-od-olimpiskite-igri-01.jpg

По повод пристигнувањето на македонскиот вицешампион во теквондо во категоријата до 80 килограми денес се одржува свечена манифестација на плоштадот Македонија.

Sledete-vo-zivo-Prechek-na-makedonskata-gordost-Dejan-Georgievski-od-olimpiskite-igri-02.jpgФото: Twitter

Дејан Георгиевски заедно со неговите тренери Борче Костовски и Дарко Костовски денес попладнево пристигна на аеродромот во Скопје каде беа пречекани од поголема група сограѓани кои побрзаа први да честитаат за победата.

Sledete-vo-zivo-Prechek-na-makedonskata-gordost-Dejan-Georgievski-od-olimpiskite-igri-03.jpg

Инаку, Дејан Георгиевски е нашиот најуспешен олимписки спортист досега. Тој е вториот спортист што освоил медал на Олимписките игри од осамостојувањето па наваму.

Sledete-vo-zivo-Prechek-na-makedonskata-gordost-Dejan-Georgievski-od-olimpiskite-igri-05.jpgФото: Twitter

Свечената манифестација следете ја TУКА.

sledete-vo-zivo-prechek-na-makedonskata-gordost-dejan-georgievski-od-olimpiskite-igri-08.jpg

„Ветивме злато, а се вративме со сребро. Но, од Париз ветуваме дека ќе се вратиме со злато“ – порача македонскиот вицешампион во теквондо Дејан Георгиевски.

Голем број граѓани се собраа на плоштадот Македонија за да го пречекаат олимпиецот што ѝ донесе огромна радост на Македонија со победата во категоријата до 80 килограми. Дејан беше пречекан со овации од насобраната публика. Како што рече, особено е важно тоа што конечно е скршен мразот и Македонија почна да носи медали од Олимпијадите.

Тој ја искористи приликата за да им се заблагодари на тренерите Борче Костовски и Дарко Костовски, но и на членовите на неговото семејство, но и на клубските колеги, кои како што напомена деноноќно четири месеци тренирале заедно со него и се подготвувале за Олимписките игри. По завршувањето на офоцијалниот дел од пречекот голем број граѓани побрзаа да се фотографираат со Дејан.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Гордост татина“ - Синот на Перо Антиќ е матурант - мајка му е горда на него, татко му го однесе на ... Со бордо костум и црна кошула, Лука Антиќ блеска на својата матурска прослава. П...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава