Македонски Телеком денеска ја отвори новата продавница во Кисела Вода, во зградата „Флатирон“. Продавницата има модерен концепт и освен уреди и услуги нуди уникатно мултимедијално доживување и персонален пристап, преку кој корисниците можат да го најдат она што најмногу им одговара, согласно нивните потреби и можности...
Овие празници Европа и Сковин ти даваат причина повеќе да подаруваш!
Потенцијални и сегашни студенти, професори и голем број гости вчера во хотелот „Стоун бриџ“ во Скопје присуствуваа на настан во организација на Американскиот универзитет во Бугарија (АУБГ), на кој специјален говорник беше поранешниот претседател на оваа земја, Росен Плевнелиев. Покрај презентацијата на програмите на реномираната високообразовна институција, фокус на настанот беа професиите на иднината, тема на која говореше и Плевнелиев. Посочувајќи дека пазарот на труд се менува како резултат на брзиот технолошки развој, тој истакна дека АУБГ е посветен да ги подготви студентите за предизвиците со кои ќе се соочат откако ќе излезат од образовниот систем...
Охридска банка Сосиете Женерал воведува дополнителни промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и кеш кредитот „Лесен кеш кредит“ со кои им овозможува на своите клиенти дополнителни олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и да олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот...
Предновогодишната еуфорија започнува да се чувствува па, така и групацијата Магнетик подготви ново модно видео со Каролина Гочева во духот на забавите кои не очекуваат...
(Штип, 06.12.2018) – Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места. Со појавата на Брилијант Омега 3, се зголемува производниот асортиман на фабриката во Штип, а брендот Брилијант ја зацврстува својата позиционираност на пазарот...
Реформираниот пензиски систем во Македонија е веќе во својата втора деценија. Главните цели на оваа реформа се да се намали товарот врз буџетот на државата за покривање на пензиите од првиот столб и обезбедување стабилна и сигурна пензија...
Ти, читателу што сакаш убава содржина нè мотивираш. Ти, читателу што сакаш конструктивно, креативно и умерено, а не банално, украдено и шокантно, ти си нашиот мотив за да се вложиме во работата.
За прв пат кај нас, и за прв пат во еден шопинг мол во регионот, во Скопје Сити Мол од овој викенд па се до 07 јануари 2019, децата а и возрасните ќе можат да уживаат во Новогодишниот свет на бајките...
Иновативно, уникатно и креативно компанијата Завар го одбележа својот 30ти роденден. Компанијата специјализирана за заварување, процесна опрема, иновативен дизајн на грејни тела и ентериери од метал на свеченоста по повод 30тиот роденден организирана во Македонската филхармонија од својата работа и производи создаде комплетно мултимедијално уметничко доживување...
Вчера (03.12.2018), со почеток во 12 часот голем број потрошувачи, заинтересирани граѓани и учесници присуствуваа во трговскиот центар Рамсторе на извлекувањето на добитниците од наградната игра „13-ти роденден на Рамстор маркетите“...
Виталиа, брендот кој несомнено асоцира на хуманост, општествена одговорност но пред сè, брендот кој е најзаслужен за креирање јавна свест околу потребата од здрава исхрана како начин на живот и превентива, слави четвртина век од своето постоење. Виталиа е пример за успешна приказна како од идеја се стигнува до глобален бренд преку истрајност, следење на светските трендови за производство на здрава храна и секојдневна, непрестана борба против стереотипите во исхраната и лошите диететски навики...
ТВ уреди и смарт телефони по супер цени и 15GB мобилен интернет...
Колкав простор зазема здравата храна на социјалните мрежи и дали е тоа само уште еден од новите трендови што го диктираат денешното живеење, или вистински се буди свеста за поздрав и поактивен начин на живот? Колку нутритивната вредност придонесува одредени брендови да говорат и да го оформуваат животниот стил на потрошувачите? А, истовремено, и колкава е важноста да се влијае со изборот на квалитетни и проверени производи што промовираат здрав животен стил и придонесуваат за баланс во организмот?
Кога излегоа првите мобилни телефони и безмалу секој имаше по еден в џеб, бев дете кое поседуваше свој сопствен мобилен телефон, како и повеќето мои врсници. Исто така, бев многу малечка и кога веќе имаше каков-таков интернет речиси во секој дом. Тогаш постарите ме прашаа: „Како испраќаш SMS? Каде оди пораката кога ќе ја испратиш? Како веднаш стигнува? Како имаш сè на интернет?“
KFC кој за само 3 месеци од отварањето на првите два ресторани во Македонија, од кој едниот во Скопје Сити Мол а другиот во Палма Мол Тетово успеа да ги освои срцата на потрошувачите и да им понуди нова локација во центарот на Скопје.
(Скопје, 30 ноември, 2018) - Жито Лукс на пазарот пласираше три нови вида бисквити од познатата линија Нутри. Станува збор за 100% интегрални биквити од 3 вида житарки со три неодоливи вкуса – со чоколадо, со суво грозје и цимет и со чија, просо и црно семе.
Стотици луѓе вчера во клубот „Станица 26“ во Скопје поминаа една ноќ во дивина каде идеален начин да се згреат беше жестокиот пијалак Jägermeister. Познатиот бренд ја организираше забавата насловена како -18°C After Dark, на која посетителите беа опкружени со светлечки метални еленски глави, бршлен, скулптура од мраз и со апарати од кои бесплатно се точеше Jägermeister. Звукот на дивината го доловија Тони Зен и диџеите Чваре, Бугимен и Мартин, а настапија и хип-хоп танчерите од екипата Beatrix crew.