10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање)
Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wednesday ако сакате нешто морничаво, но забавно.

Мистериите, трилерите, но и сериите со хорор елементи и фантазија имаат посебен шарм во есен.
Секако, има и по некоја драма која како да нè асоцира на ова годишно време.
10 серии кои оваа есен ќе ви бидат вистинско уживање (дури и ако ги гледате по стоти пат):
Wednesday
Адаптацијата на стриповите за омиленото морничаво семејство, во режија на Тим Бартон, е идеална за во есен.
Серијата се фокусира на ќерката на Мортиша и Гомез – Венздеј Адамс – која почнува да учи во училиште за деца со посебни моќи.
Додека пробува да ја совлада својата моќ за предвидување, Венздеј се обидува да реши и мистериозно убиство.
Charmed
За многу милениумци, Charmed е серија што одбележа цела ера.
Дејството се фокусира на сестрите Халивел кои дознаваат дека потекнуваат од семејство моќни волшебнички.
Како што ги усовршуваат своите вештини, се соочуваат со секакви злобни суштества.
The Haunting of Bly Manor
Мајкл Фланаган веќе се докажа како еден од најдобрите креатори на хорор-серии, а талентот го покажува и во The Haunting of Bly Manor.
Главниот лик е млада девојка која почнува да работи како гувернанта во богато семејство.
Но, почнува да сведочи на чудни и морничави работи на огромниот имот.
Gilmore Girls
И едноставна драма може да биде идеална за есен, а Gilmore Girls веќе стана синоним за оваа сезона.
Дејството се фокусира на секојдневието на мајка и ќерка кои се практично неразделни.
Twin Peaks
Во режија на Дејвид Линч, Twin Peaks е одличен спој на мистерија и надреализам.
Дејството е сместено во гратчето Твин Пикс, каде ФБИ детектив пробува да го реши свирепото убиство на млада девојка.
