10 адреналински филмови од 2019 година со жени-хероини во главните улоги

Men in Black: International

Моли е амбициозна и детерминирана да работи во тајната дивизија на „Луѓето во црно“, бидејќи како дете има видено мало суштество од друга планета. Таа е новиот регрут познат како Агентот М, со опасна мисија пред неа.

BrightBurn

Што ќе направите доколку дете од друг свет слета на планетата Земја, но наместо да стане херој, тоа претставува потенцијална закана за човековиот род?

Miss Bala

Глорија е многу посилна отколку што мисли. Ова ќе го дознае откако ќе биде вовлечена во мрачниот свет на криминалци, обидувајќи се да преживее со својата остроумност и снаодливост.

Midsommar

Млада двојка од САД се соочува со проблеми во нивната врска, кои сметаат дека ќе ги решат на летен фестивал во Шведска, не претчувствувајќи какви бизарни, хорор ритуали им претстојат на патот.

Us

Аделајд Вилсон се враќа на истото место покрај брегот каде што пораснала со сопругот и двете дечиња. Обидувајќи се да ја заборави траумата којашто ја преживеала како дете, таа не може да престане да мисли дека овој пат ќе се случи нешто многу полошо.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg