3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај)

Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува, и кои треба да ги прочитате.

3-trileri-od-makedonski-avtori-zaradi-koi-kje-grickate-nokti-do-samiot-kraj-01.jpg

И кај нас има солидни автори на трилери што знаат да ве вовлечат во приказната и да ве држат во неизвесност до последната страница.

Ви препорачуваме 3 вакви романи, што вреди да ги прочитате.

Ќе бидете изненадени од талентот што го поседуваат нашите млади писатели, моќта преку зборови да ви отсликаат една реална приказна и да ги доловат емоциите и напнатоста, кои се карактеристични за некои од најпознатите писатели во светот.

Во продолжение 3 трилери од македонски автори:

„Девојката што ја наслика смртта“ – Андреа Мирческа

Ова е првенче на авторката Андреа Мирческа, а станува збор за психолошки трилер со примеси на романса, мистерија и драма.

Роман којшто може да се стави на исто рамниште со најпознатите светски трилери, а описите на карактерите и на настаните се прецизни, точни и дефинирани.

Приказната ја следи 19-годишната Јулија која го напушта родниот Охрид и заминува на студии на Академијата за уметности во Загреб и таму го запознава студентот по архитектура Адам.

Но, тие двајца и другите ликови ќе се соочат со голем број предизвици: предавства, сексуално малтретирање, убиства, нарушено ментално здравје...

3-trileri-od-makedonski-avtori-zaradi-koi-kje-grickate-nokti-do-samiot-kraj-02.jpg

„Опасна игра“ – Мери Арсова

Овој роман на Мери Арсова ја следи приказната на Давид, обично момче кое има работа што ја мрази и свршеница во која се сомнева дека e вљубен.

Но, еден обичен мартовски ден, ќе му донесе изненадување, кога ќе се сретне со својата средношколска љубов Ева, која со години наназад е преселена во Америка и е омажена за богат бизнисмен.

Навидум обичната и случајна средба се развива во многу опасна, промислена игра.

Станува збор за крими трилер кој ќе ве држи напнати од самиот почеток, па сѐ до крајот.

3-trileri-od-makedonski-avtori-zaradi-koi-kje-grickate-nokti-do-samiot-kraj-03.jpg

„Сенки во подземјето“ – Марија Ралповска

Марија Ралповска е млада македонска авторка која почнала да пишува на 14 години, а дипломирала криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје.

Сосема очекувано е нејзиниот трилер да биде инспириран од светот на криминалот.

Во овој роман се преплетуваат три приказни на тројца сосема различни луѓе: банкарот, криминалецот и јавниот обвинител, кои навидум немаат ништо заедничко, освен жената по која трагаат.

Не се знае кој е пленот, а кој жртвата.

Дали тоа се споменатите ликови или, пак, жената по која трагаат?

3-trileri-od-makedonski-avtori-zaradi-koi-kje-grickate-nokti-do-samiot-kraj-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg