3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024

Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме три изданија што се надеваме дека ќе ви го привлечат вниманието.

3-odlichni-trileri-bez-koi-ne-treba-da-si-zaminete-od-saem-na-kniga-2024-01.jpg

Под мотото „Приказна се чита“ до 24-ти април ќе трае 36-ото издание на Саемот на книга, што се одржува во Арената „Борис Трајковски“.

Годинава ќе се претстават 60 издавачи од Македонија и од регионот, кои организираа 30-тина промоции на нови книги, панел дискусии, но и познати гости.

Овој Саем на книга повторно ќе биде вистинско уживање за љубителите на книгите и пишаниот збор.

Со оглед на тоа што трилерот како жанр е мошне популарен кај нас, за вас издвојуваме 3 трилери без кои не треба да си заминете од Саемот на книга.

„Добра и лоша“ – Алиса Фини

Авторката Алиса Фини на 19-ти април беше гостинка на штандот на издавачката куќа „Сакам книги“. Оваа авторка потпишуваше книги и го промовираше својот нов роман „Добра и лоша“ – трилер без кој едноставно не смеете да си заминете од Саемот на книга.

Во 2023-та година овој роман на Алиса Фини беше номиниран за најдобра мистерија и трилер на Goodreads, а станува збор за четиво исполнето со голем број заплети и неочекувани пресврти.

Дваесеттина години откако едно бебе е украдено од количка, една жена е убиена во дом за нега. Двете убиства се поврзани на некој начин, а добрата и лоша девојка најверојатно се клучни за да се разреши мистеријата.

Читателот постојано претпоставува дека може да предвиди што ќе се случи следно, но не може ниту да го насети пресвртот што ќе следува.

3-odlichni-trileri-bez-koi-ne-treba-da-si-zaminete-od-saem-na-kniga-2024-02.jpg

„Чук, чук“ – Андерс Рослунд

Авторот Андерс Рослунд на 20-ти април гостуваше на штандот на издавачката куќа „Антолог“. Ако патот ве води кон Саемот на книга, годинава не можете да си заминете без да го набавите неговиот трилер „Чук, чук“.

Приказната се врзува за инспекторот Еверет Гринс, кој пред 17 години бил на увид на ужасно убиство, во кое цело семејство било убиено, а била поштедена само малата 5-годишна ќерка Зана.

Девојчето е единствениот сведок и набрзо потоа ќе биде ставено во Програма за заштита на сведоци, а никој не знае што навистина се случило.

Но, со години подоцна, инспекторот добива повик дека некој провалил во станот каде што се случило грозоморното убиство, а неговата прва помисла е дека некој сака да го убие последниот преживеан сведок – Зана, која веќе е возрасна девојка.

3-odlichni-trileri-bez-koi-ne-treba-da-si-zaminete-od-saem-na-kniga-2024-03.jpg

„Кога никој не гледа“ – Алиса Кол

На штандот на издавачкиот центар „Три“ ќе имате можност да видите голем број нови и постари изданија.

Меѓу нив е и трилерот на писателката Алиса Кол, „Кога никој не гледа“, кој во 2020-та година беше номиниран за најдобра мистерија и трилер на Goodreads.

Одлично четиво за обожавателите на трилери и приказни со заплети, кое се врзува за приказната на Сидни Грин, која е родена и порасната во Бруклин, но одеднаш почнува да забележува огромни промени во својата околина.

Се чини дека сите нејзини соседи одеднаш исчезнуваат, насекаде никнуваат нови згради со луксузни станови.

Обидувајќи се да организира туристичка обиколка на Бруклин, таа и нејзиниот нов асистент Тео ќе наидат на неочекувани сознанија...

Дали некој сосила се ослободува од старите жители на населбата и дали приказните дека тие се отселиле во предградијата се само лаги?

3-odlichni-trileri-bez-koi-ne-treba-da-si-zaminete-od-saem-na-kniga-2024-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg